https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

ИДНИНАТА НА ГРЕЕЊЕ СО DAIKIN ТОПЛИНСКА ПУМПА

Зголемена е побарувачката на сопственици на куќи, кои сакаат да го заменат постоечкиот систем за греење, особено замена на котелот на нафта, со поефикасен, поекономичен и user-friendly систем кој ги намалува емисиите на CO2, ја намалува потрошувачката на енергија, штеди енергија и пари:

ОДГОВОРОТ Е DAIKIN ALTHERMA ТОПЛИНСКА ПУМПА! 

 

Што кажаа нашите клиенти?
(Грејна сезона 6 месеци)
СЕМЕЈСТВОТО 1:

Објект: Индивидуална куќа 120м2, радијаторска инсталација, високо ниво на изолација
Потреба: Греење + санитарна топла вода 
Решение: Нискотемпературна топлинска пумпа Daikin Altherma 11KW + дополнителен 200l бојлер
Година на инсталација: 2016/2017 год.

Со замена на стариот котел за нафта со нискотемпературна топлинска пумпа Daikin Altherma, семејството сега тврди дека нивните трошоци за греење значително се намалиле, тие сега плаќаат просечно околу 55 евра месечно, а загреваат куќа со површина од 120м2 и санитарна топла вода 200l.


СЕМЕЈСТВОТО 2:
Објект: Стан 160м2, фенкојлерска инсталација,средно ниво на изолација
Потреба: Греење + санитарна топла вода  
Решение: Нискотемпературна топлинска пумпа Daikin Altherma 16KW со интегриран бојлер 260l
Година на инсталација: 2016/2017 год.

Со замена на стариот котел за струја со нискотемпературна топлинска пумпа Daikin Altherma, семејството сега тврди дека нивните трошоци за греење значително се намалиле, тие сега плаќаат просечно околу 70 евра месечно, а загреваат стан со површина од 160м2 и санитарна топла вода 260l.


СЕМЕЈСТВОТО 3:
Објект: Индивидуална куќа 250м2, радијаторска инсталација, средно ниво на изолација
Потреба: Греење + санитарна топла вода 
Решение: Нискотемпературна топлинска пумпа Daikin Altherma 16KW со дополнителен бојлер 300l
Година на инсталација: 2015/2016 год.

Со замена на стариот котел на пелети, со нискотемпературна топлинска пумпа Daikin Altherma, семејството сега тврди дека нивните трошоци за греење се намалиле, тие сега плаќаат просечно околу 144 евра месечно, а загреваат куќа со површина од 250м2 и санитарна топла вода 300l.


 Да сумираме дека трошоците за греење - ладење, зависат од површината, изолираноста на објектот,  големината и ориентацијата на прозорците, изложеноста на сончева светлина, начинот на користење на просторот и сл.

DAIKIN ALTHERMA ТОПЛИНСКАТА ПУМПА КОРИСТИ ОДРЖЛИВ ИЗВОР НА ЕНЕРГИЈА, ВОЗДУХОТ. Надворешната единица ја одзема топлината од надворешниот воздух и ја пренесува до внатрешната единица. Преку разменувачот на топлина, топлинатa се пренесува, дистрибуира до централниот систем за греење на Вашиот дом. Daikin Altherma топлинската пумпа може да се поврзе со подно греење, радијатори, и вентилоконвектори (т.н фенкојлери).

 ГРЕЕЊЕ + ЛАДЕЊЕ + САНИТАРНА ТОПЛА ВОДА
 Достапни капацитети: од 4 kw до 16kw

 

 

 

 

 Каде може да се постави овој тип на решение за греење и ладење?
Едноставно секаде:

  • Ново градежништво
  • Нискоенергетски куќи
  • Реновирање на комплетен систем за греење
  • Реновирање без промена на радијатори/цевки 
     

Знаете ли....

Дека Паксон има инсталирано повеќе од 190 Daikin Altherma во Македонија!

 

Знаете ли....
Дека Daikin Altherma работи дури и кога надвор е -25 °C? 

   
За повеќе информации може да не контактирате,

ПАКСОН – Овластен Daikin партнер за Македонија!

 

PAKSON © 2024. All Rights Reserved.
We use cookies
Нашиот веб сајт со цел да ви овозможи подобро корисничко искуство користи колачиња (cookies) со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликање на копчето 'Прифати', вие овозможувате користење на сите колачиња. Колачињата кои ги користи ПАКСОН не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Доколку го одбиете користењето на колачиња, ќе продолжите да го користите сајтот со минимално потребните колачиња за непречено и нормално функционирање на веб сајтот.