Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

Зошто да ја изберете новата Daikin Altherma 3 топлотна пумпа со R32 фреон?

ПРВА ЕВРОПСКА ТОПЛИНСКА ПУМПА ВОЗДУХ-ВОДА СО R32 РАЗЛАДНО СРЕДСТВО

Daikin Altherma 3 – нов елегантен дизајн, без остри облици и мали димензии.

Новата генерација, 3-та генерација на Daikin Altherma со R32 еколошки фреон. Bluevolution технологија, комбинирана со високо енергетски ефикасен компресор, развиен од Daikin. Пионерска интеграција на обновливи извори на енергија, со висока ефикасност и удобност по пристапна цена.

Daikin Altherma 3 доби награда за дизајн на IF, и награда Reddot Product Design за нејзиниот интуитивен  дизајн. Овие награди претставуваат две од најпрестижните и најголемите натпревари за дизајн во светот.

 

Што добива крајниот корисник со Daikin Altherma 3?

Daikin Altherma 3 обезбедува високи перформанси и најниски трошоци за одржување. За крајниот корисник -  подобра енергетска ефикасност и работни параметри.

Daikin Altherma 3 доаѓа со вграден комуникациски интерфејс, т.н MMI –(Man to Machine Interface), опремен со Daikin интуитивно око. Кога свети плаво, системот функционира совршено, доколку свети со црвена боја, тоа значи дека се појавила грешка.        

ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ

  • Топлотна пумпа воздух - вода со сплит изведба за ладење и греење на резиденцијални и комерцијални објекти
  • Испорачување на температури до 65°C, новиот систем е погоден за греење преку подно греење и радијатори, задржувајќи ја својата марка -  педигрее, и заштита од замрзнување до -25°C. Обезбедување на топол дом, дури и во најстудените зими
  1. Сезонска ефикасност до А+++
  2. Сезонска ефикасност на греење, со COP до  5,1 (7°C / 35°C)
  3. Ефикасност на санитарна топла вода со COP до 3,3 (EN16147)
  • Достапни капацитети: 4kw, 6kw и 8kw

 

Daikin Altherma 3, доаѓа со две различни внатрешни единици:

  • Парапетна внатрешна единица со интегриран бојлер за санитарна топла вода
  • Високоѕидна единица

 

Зошто да изберете парапетна внатрешна единица?

 Daikin Altherma 3 со внатрешна парапетната единица е идеален систем  кој обезбедува греење, санитарна топла вода и ладење. Совршено решение за новите градби и куќи со ниски загуба на енергија.

 

Карактеристики:

  • 3 во 1 систем за заштеда на простор и време
  • Интегриран бојлер (од нерѓосувачки челик) за санитарна топла вода, кој може да биде од 180l или 230l
  • Мала инсталација-мала зафатнина, димензии на внатрешната единица од само 600 x 600mm (шxд), и висина од 1650mm или 1850mm во зависност од бојлерт за санитарна топла вода,180l или 230l
  • Интегриран резервен греач со избор од:  3kw, 6kw или 9kw
  • Достапни модели со две зони (bi-zone): Парапетна единица со вградена контрола за две различни температурни зони
  • Стилски модерен дизајн,  бела и сребрено –сива боја

 

Зошто да изберете високоѕидна внатрешна единица? 

Даикин Алтерма 3 сплит системот со високоѕидна единица обезбедува греење и ладење со голема флексибилност за брза и лесна инсталација, со можност за поврзување со бојлер за санитарна топла вода.

  • Вклучувајќи ги сите хидраулични компненти, нема потреба од други компненти
  • PCB таблата и хидрауличните компоненти се наоѓаат на предната страна, за полесен пристап
  • Компактните димензии овозможуваат инсталација на мали места, затоа што скоро и да нема потреба од страничен простор
  • Елегантниот изглед на единицата се вклопува со секој внатрешен ентериер

Даикин Алтерма 3 може целосно да се интегрира со другите системи за контрола на домот.

Ве очекуваме,

Паксон – Овластен Daikin партнер за Македонија
Ул. Загребска бр.28б, лок. 17, 1000 Скопје
Тел: 02 3109 998 | 076 360 654
Web: www.pakson.mk

 

 

 

PAKSON © 2019. All Rights Reserved.