https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

Освои Daikin прочистувач и диши чист и свеж воздух во текот на целата година

ПАКСОН ДОО Скопје со седиште на ул. Загребска бр.28 б, лок. 17 во Скопје и ЕМБС 6701493 во соработка со ДАИКИН Македонија - АЛМАКОС во времетраење од 9 дена , од 15.12.2018-23.12.2018 година ќе организира НАГРАДЕН КВИЗ за случајните минувачи на неколку локации во Скопје.

Наградата претставува прочистувач на воздух ДАИКИН модел MC70L

 

 НАТПРЕВАРОТ ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРА НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ И ТОА:

  • 15.12.2018 маркет ВЕРО 2 – Тафталиџе
  • 16.12.2018 маркет ВЕРО 2 – Тафталиџе
  • 17.12.2018 ВЕРО ЏАМБО - Центар
  • 18.12.2018 ЛИСА ЦЕНТАР ТИНЕКС – Н. Лисиче
  • 19.12.2018 ЗЕБРА ЦЕНТАР ТИНЕКС - Капиштец
  • 20.12.2018 ЗЕБРА ЦЕНТАР ТИНЕКС - Капиштец
  • 21.12.2018 ЛИСА ЦЕНТАР ТИНЕКС – Н. Лисиче
  • 22.12.2018 ТИНЕКС МАРКЕТ ГОДЕЛ - Маџари
  • 23.12.2018 ЗЕБРА ЦЕНТАР ТИНЕКС - Капиштец

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНИОТ КВИЗ 

  1. Овој квиз е отворен за сите минувачи, потенцијални купувачи на ДАИКИН производите, кои ги оставиле своите точни податоци на флаерот подигнат од некое од промотивните места, и одговориле точно на поставеното прашање.
  2. Право на учество на овој натпревар немаат:
  1. Вработени во правниот субјект кој се јавува како Организатор на овој Награден квиз, како и членови на нивните семејства (сопруг/ сопруга, родител, брат, сестра, деца итн)
  2. лица на возраст под 18 години

 

НАЧИН НА УЧЕСТВО И ОДБИРАЊЕ НА ПОБЕДНИК

  1. Задача на учесникот е да одговори на прашањето запишано на флаерот погоре и да даде објаснување (одговор) на поставените прашања. Учесниците се должни на флаерот да ги достават свои лични податоци (име, презиме, е-маил, телефонски број).
  2. Во конкуренција за освојување на Наградата на овој Награден натпревар учествуваат сите пријавени кои ги исполниле условите пропишани во Правилникот подолу, најдоцна до 20. Часот на 23.12.2018.
  3. Со предавањето на флаерот на промотивниот штанд на ПАКСОН на некоја од локациите, секој учесник доброволно ги приложува своите лични податоци и одобрува да со тие податоци управува Организаторот, без нивно откривање на трети страни. Организаторот ќе ги преземе сите разумно потребни мерки да би се осигурал дека личните податоци на учесникот во Наградниот натпревар ги обработува и ги користи на
    безбеден начин и во согласност со Законот.
  4. Одбирањето на 1 (еден) победник на овој квиз кој ќе ја добие наградата ќе се спроведе по случаен избор, со извлекување, од страна на "Организаторот". Победник може да биде учесник кој дал точен одговор на поставеното прашање и ги внел сите потребни податоци.
  5. Победникот на Наградниот квиз ќе биде објавен на веб страната на Организаторот www.pakson.mk на крајот на Наградниот квиз, но не
    подоцна од 3 дена од завршување на истиот, а извлекувањето на победникот ќе биде објавено и на facebook pakson страната на Паксон.

 

 Прочитајте ги условите во Правилникот за учество во наградниот квиз, посетете не на горенаведените локации и станете потенцијален добитник на прочистувач на воздух, модел MC70L. 

СО СРЕЌА НА СИТЕ УЧЕСНИЦИ! 

PAKSON © 2024. All Rights Reserved.
We use cookies
Нашиот веб сајт со цел да ви овозможи подобро корисничко искуство користи колачиња (cookies) со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликање на копчето 'Прифати', вие овозможувате користење на сите колачиња. Колачињата кои ги користи ПАКСОН не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Доколку го одбиете користењето на колачиња, ќе продолжите да го користите сајтот со минимално потребните колачиња за непречено и нормално функционирање на веб сајтот.