https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

Daikin Altherma 3 11kw 14kw 16kw toplotna pumpa

Греење и ладење со Daikin Altherma 3 топлотна пумпа 11kw 14 kw 16kw

Совршен комфор: Ви ја претставуваме новата Daikin Altherma 3 R32 11-14-16 kW топлотна пумпа
и на нашиот пазар во Македонија!

Новата Daikin Altherma 3 со фреон R32, капацитети: 11 kw, 14 kw, 16 kW, нуди еколошки решенија за греење, ладење, санитарна топла вода за секој дом, комбинирајќи ја најновата компресорска технологија на DAIKIN со елегантен и наградуван дизајн. 

Воведувањето на новите капацитети од 11kw, 14kw, 16kw, го збогати асортиманот на Daikin Altherma 3 R32, надополнувајќи ги постојаните капацитети од 4kw и 8kw. 

Новата EPGA-D надворешна единица е достапна во монофазна изведба и може да се поврзе со:

 

  • EABH -EABX-D – Daikin Altherma високоѕидна единица

Daikin Altherma 3 visokozidna edinica

 

  • EAVH - EAVX-D - Daikin Altherma внатрешна парапетна единица

Daikin Altherma 3 parapetna edinica

Новата серија има повисоки перформанси – постигнува температура на вода до 60°C, при -10°C надворешна температура, без притоа да има потреба за вклучување на дополнителни греачи. Загарантирана работа до -28°C. Сето ова, заедно со компактниот дизајн на внатрешните единиците, го прави системот идеално решение за нови градежни апликации, кои вклучуваат подно греење, како и при реновирање на објекти каде што има потреба од високи перформанси на постојните радијатори. Ниската звучност при работа на системот ја зголемува удобноста на крајниот корисник.

 

Поголема флексибилност

Надворешните хидро-сплит единици на Daikin Altherma 3 R 32 11-16 kW, може да се поврзат со различни типови на внатрешни единици, вклучувајќи: високо-ѕидни единици, парапетни единици со интегриран бојлер за санитарна топла вода.

 

Најдобра енергетска ефикасност

Како пионир за низок потенцијал на глобално затоплување, со R-32 фреонот, DAIKIN го има најголемиот асортиман што е достапен на пазарот. Серијата Daikin Altherma 3 е една од групите на резиденцијални производи за греење и ладење, која работи со еколошки фреон - R32, и користи 30% помалку фреонско полнење за да се добијат подобри перформанси.

Новата серија нуди зголемена сезонска ефикасност до А ++, до 30% дополнителен капацитет за греење во однос на претходната серија.

Новите хидро-сплит надворешни единици имаат поголема површина на разменувачот на топлина за подобри перформанси, како и инвертер компресор со директно вбризгување на гас за оптимална потрошувачка на енергија.

 

Наградуван дизајн-изглед

Добитник на наградите Red Dot и IF Design Award во 2018, внатрешните единици на Daikin Аltherma 3 R 32 11-16 kW имаат стримлајн профил во сива или бела боја. Ова е комплетирано со впечатливиот изглед на Madoka контролерот, што исто така е добитник на награди за дизајн, достапен во бела, сребрена и црна боја за подобро да се вклопува со било кој внатрешен декор.

 

Daikin Madoka kontroler za Altherma 3 

Лесна инсталација и пуштање во работа

Исто како и кај другите системи на DAIKIN, примарно внимание во развојот на DAIKIN Аltherma 3 R 32-11-14-16 kW серијата е посветено за да им овозможи на монтерите да ги специфицираат, инсталираат и конфигурираат новите системи што е можно поедноставно и побрзо.

Приклучокот за вода е потребен само со надворешната единица. Сите клучни делови доаѓаат фабрички вградени во внатрешните парапетни единици. Малата димензија од 595х600 mm обезбедува максимална флексибилност во поставувањето на единиците, што е особено корисно кога станува збор за проекти каде што има потреба за замена на бојлер и за помали простории.

 

Поставување на нови стандарди

DAIKIN континуирано развива решенија за греење на домот за да им го понуди на потрошувачите најдоброто за изведба и заштеда, истовремено поставувајќи стандард за добар дизајн. Со лансирање на новата серија Daikin Altherma 3 со висок капацитет, DAIKIN го нуди најширокиот можен избор на еколошки пријателски системи R32 за греење – ладење на домот.

 

PAKSON © 2024. All Rights Reserved.
We use cookies
Нашиот веб сајт со цел да ви овозможи подобро корисничко искуство користи колачиња (cookies) со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликање на копчето 'Прифати', вие овозможувате користење на сите колачиња. Колачињата кои ги користи ПАКСОН не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Доколку го одбиете користењето на колачиња, ќе продолжите да го користите сајтот со минимално потребните колачиња за непречено и нормално функционирање на веб сајтот.