Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

Daikin Altherma 3 11kw 14kw 16kw toplotna pumpa

Pakson и Daikin Вашиот избор за набавка на инвертер климaтизери за греење и ладење со субвенции од влада

Влада ќе субвенционира вградување на Инвертер клима уреди за греење на домаќинствата како супституција на огревното дрво. Паксон како компанија специјализирана за проектирање и изведба на системи за греење, ладење и вентилација планира да им понуди на граѓаните соодветно решение во склоп на буџетот што ќе го понуди Влада. За повеќе инфромации, ги чекаме деталите од Влада.

Најавената еколошка мерка за владини субвенции за набавка на инвертер климатизери за греење ќе опфаќа вкупно 10.000 домаќинства, од кои 5200 во град Скопје, 2500 во општина Битола, 1500 во општина Тетово, и во општина Кичево 800 домаќинства. За субвенциите во Скопје ќе можат да аплицираат и од општините Арачиново, Сопиште и Илинден иако не се во склоп на Град Скопје.

Право на учество на јавниот повик имаат домаќинствата кои користат енергетски неефикасни уреди за греење кои влијаат на зголемување на концентрација на РМ10 и РМ2.5 во наведените општини и Град Скопје. Предност во процесот ќе имаат семејствата кои имаат вкупни месечни приходи до 30.000 денари.
Според изјавата на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, граѓаните ќе добијат ваучер од 1.000 евра (60.000 ден) и ќе треба да го предадат старото грејно тело на фирмата од каде што ја купиле инвертер климата при инсталација на истата. Понатаму, фирмата се обврзува да го достави превземеното старо грејно тело на отпадни места кои дополнително ќе бидат одредени.

Извори: http://bit.ly/354HqMx и http://bit.ly/354HqMx

PAKSON © 2020. All Rights Reserved.