https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

Daikin Altherma 3 11kw 14kw 16kw toplotna pumpa

5 ПРИЧИНИ ДА ИЗБЕРЕТЕ DAIKIN

1. DAIKIN - НАЈДОБАР БРЕНД

Daikin е лидер во светот за климатизација и греење. Daikin посвети повеќе од 95 години на развој на иновативни енергетски ефикасни решенија за греење, ладење, климатизација, вентилација за резиденцијални, комеријални и индустриски објекти. 

“Како компанија сме еколошки одговорни кон околината, затоа што сите наши производи се дизајнирни да имаат голема енергетска ефикасност низ целата година. Ниска потрошувачка на електрична енергија, значи дека вие ќе имате помали сметки за струја.”

 

 2. ПИОНЕР - КЛУЧНИ ТЕХНОЛОГИИ ШТО ГИ РАЗВИ DAIKIN

Ви ги претставуваме клучните технологии што ги разви Даикин. Овие технологии го сменија секојдневниот живот на нашите клиенти на подобро:
→ Инвертер технологија
→ Топлински пумпи
→ VRV (Variable Refrigerant Volume)
R32 - еколошки фреон

 

3. ШИРОК АСОРТИМАН НА ПРОИЗВОДИ

ПРОИЗВОДИТЕ НА ДАИКИН СЕ КОРИСТАТ ВО ПОВЕЌЕ ОД 150 ЗЕМЈИ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ.

Единици со високоѕидна монтажа, едноставни за инсталирање, дискретни, високо на ѕид, каде што не го нарушуваат декорот.
Парапетни единици – кои се многу добри за греење, затоа што го дуваат затоплениот воздух долу, со што се создава одличен ефект на конвекција. Daikin Nexura единицата дури има и преден панел за радијантна топлина.
Скриените плафонски единици Ви нудат многу дискретно решение, затоа што се компактни и на нив се видливи само решетките за отсис и потис на воздух. Исто така ослободуваат многу простор на подот и ѕидовите, што ви овозможува да го декорирате ентериерот како што ќе посакате. Изберете производ не само што одговара на Вашиот буџет, тука и на Вашиот стил на живеење.

 

4. ТИВКА РАБОТА

Daikin Altherma е докажано дека работи на многу ниски нивоа на звучност. Целиот асортиман на Daikin Altherma е награден со тивка марка - “Quiet Mark” од Здружението за намалување на бучавост “Noise Abatement Society (NAS)”. Daikin е првиот производител на топлински пумпи што го доби ова признание во Велика Британија.

Daikin клима уредите достигнуваат исклучително ниско ниво на звучност (19dB(A)), едвај се слушаат како кога лисјата треперат. Ова е совршена функција за единици кои се монтираат во спални соби, бидејќи нема да биде проблем да спиете дури и кога единицата е вклучена.

 

5. ЗДРАВА СРЕДИНА

Daikin сплит системите и прочистувачите на воздух се одобрени од National Asthma Council Australia’s Sensitive Choice® program, и се единствени сплит системи кои го носат симболот на сина пеперутка.
Сите сплит системи на Daikin се дизајнирани со филтер за прочистување на воздухот, исто така многу од моделите се опремени со понапреден (дополнителен) титаниум апатитски филтер. Овие филтри не само што ги заробуваат повеќето микроскопски честички во воздухот, тие помагаат да се распаѓаат мирисите и ги апсорбираат и деактивираат бактериите и вирусите.

Daikin прочистувачите на воздух се одликуваат со моќен шест слоен систем за распаѓање и отстранување на бактериите и вирусите, честичките во воздухот, алергените, поленот и непријатните мириси. Моќната Streamer технологија го прави Daikin прочистувачот толку ефикасен.Ова е причината зашто Daikin производите доаѓаат со симбол сина пеперутка (Sensitive choice).

 

 

PAKSON © 2020. All Rights Reserved.