https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

Моќната Daikin Streamer Technology

"Streamer Discharge" е тип на плазма-празнење при што се генерираат електрони со голема брзина, способни за оксидативно разложување. Оваа моќна технологија ги погодува вирусите, мувлата, бактериите, алергените и опасните хемиски материи, ги разградува и фрагментира нивните површински протеини, кои потоа се уништуваат преку оксидација, со што се прави вирусот безбеден.

Во споредба со стандардното плазма-празнење (сјајно празнење), опсегот на Streamer Discharge на Daikin е поголем, што им олеснува на електроните да се судираат со кислородот и азотот во воздухот. Ова овозможува да се генерираат електрони со голема брзина во три димензии врз поголем простор, што резултира со брзината на оксидативно разложивање што е 1000 пати поголема со истата електрична енергија.

Масивното празнење на плазма ги погодува вирусите, мувлата, бактериите, алергените и опасните хемиски супстанции, со тоа што ги распаѓа и фрагментира нивните површински протеини, кои потоа се уништуваат преку оксидација, правејќи го патогенот безопасен. Потоа, плазмата од овој процес се претвора во безбедни атоми на азот и кислород и молекули на вода.

 

Шест-слојна конфигурација на Daikin прочистувачите за моќна декомпозиција и отстранување

1. Електрони со голема брзина се испразнуваат што овозможува распаѓање и отстранување
,,Streamer Discharge” единица

2. Големи честички од прашина се заробени и се отстрануваат влакна од домашни миленици,
бактерии и алергени
Пред-филтер

3.Прашината и поленот се електрично наполнети и се испраќаат до филтерот
Плазма јонизатор

4. Прашината и поленот се абсорбираат од филтерот со електричен полнеж
Електростатичен филтер за собирање на прашина (преден дел од филтерот за собирање прашина)

5. Мирисите и вирусите се фатени
Титаниум апатитски филтер (задниот дел од филтерот за собирање прашина)

6. Формалдехидот и мирисите се распаѓаат
Дезодорирачки катализатор филтер

 Технологија признаена од јавни институции во Јапонија и пошироко

Тестови што ја докажуваат ефикасноста на Streamer Technology во Daikin прочистувачите на воздух (модели MC70L и MCK75J)
*Наведените експерименти се изведени од надворешни лабаратории на барање на Daikin Industries LTD.

 

Вируси и бактериии со докажана деактивација со Daikin Streamer Technology:

  • influenza virus (type A, H1N1)
  • високо вирулентен Avian Influenza virus (type A, H5N1)
  • Bacillus coli, O-157
  • Norovirus
  • Staohylococcus aereus
  • Pseudomonas aeruginosa
  • Tuberculosis бактерија
  • Токсини (ентеротоксини)
 

Цел на експерименот

Институцијa

Метода на тестирање

 Вируси      

 National Institute of Hygiene and Epidemiology (Vietnam)

 CPE и TCID50 
 Kitasato Research Center of Environmental Sciences  CPE и TCID50  
 Kobe University Graduate School  ELISA
 Yamagata University  Електронски микроскоп со скен
 Japan Food Research Laboratories  PCR 
 Бактерии  The Jikei University  CFU 
 Мувли  Japan Food Research Laboratories  Pour plate culture метод  

  Алергени со докажана декомпозиција со Daikin Streamer Технологија

  • Габични алергени: мувли, aspergillus, eurotium, aspergillus niger, fusarium, penicillium
  • Алергени засновани на полен: кедар полен, полен од евла, полен од бреза, полен од јапонски кипарис, полен од смрека, мочуришен чемпрес, полен од пелин, полен од ежовка, полен од амброзија, полен од слатка пролетна трева, полен од тимотеј-трева, полен од тегавец, полен од јапонска бука
  • Алергени од живи суштества: Американски лебарки (измет), германски лебарка (измет), болви (измет), епидермис на кучиња (првут), епидермис на мачки (првут), епидермис на хрчак (првут)
  • Друго: пченично брашно

Опасни хемиски супстанции што докажано се отстрануваат со Daikin Streamer Technology

  • Честички од издувни гасови од дизел гориво (DEP)
  • Штетни хемиски супстанции во издувни гасови: NOx, tetrachlorethylene, benzene, trichloroethylene, dichloroethane, dichloromethane, chloroform
  • Штетни органски материи (VOC): iso-butanol, hexane, styrene, nonanoic acid, trimethyl benzene, xylene, naphthalene, ethyl benzene, toluene, ethyl acetate
Цел на експерименот

Институција

Метода на тестирање

Алергени

   

 Алергени базирани на полен

 Wakayam a Med ical University  ELISA 
 Алергени од живи   суштества

 Фунгални   алергени 
 Брашно
Опасни хемиски супстанции  Adjuvant (DEP)   Yam agata University  ELISA
 Adjuvant (VOC)   Tohoku Bunka Gakuen  University   Damping  technique 
 Adjuvant inhibiting  effect   Wakayama Medical University,   National institute for   Environmental Studies  ELISA
 Formaldehyde   Tohoku Bunka Gakuen  University   Constant   generation   method 

 

Погледнете ги нашите прочистувачи на воздух, што ја користат оваа Daikin Streamer технологија

!Напомена:

Производите на Daikin со оваа технологија може да се користат за подобрување на квалитетот на воздухот со отстранување на опасни хемиски материи во воздухот, алергени, мувла, бактерии и вируси, итн. Сепак, не се наменети за создавање на стерилни средини или за спречување на патогени инфекции.

Резултатите од тестовите се однесуваат на Daikin Streamer Technology. Бидејќи технологијата Daikin Streamer Technology се користи за повеќе производи, резултатите во секојдневни услови може да се разликуваат во зависност од условите на просторијата, инсталацијацијата и употребата на одредениот производот, итн.

Производите на Daikin со оваа технологија не се медицински уреди или уреди за медицински третман.
Овој производ не е наменет за било каква терапевтска употреба или не треба да се користи за дијагностицирање, лекување, олеснување или спречување на болести.
Ако имате здравствена грижа или не се чувствувате добро, ве молиме консултирајте се со професионалец за здравствена заштита.

 

PAKSON © 2020. All Rights Reserved.