https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

DAIKIN MADOKA КОНТРОЛЕР - убавината на едноставноста

Мадока- жичен контролер, Ви гарантира удобност на најинтуитивен можен начин, имајќи само три копчиња и голем дисплеј.

Интуитивен контролер со врвен дизајн 

• Правилната кружна форма овозможува елегантен и стилски дизајн
• Интуитивен интерфејс со контрола со копчиња на допир
• Со димензии 85x85mm, компактниот контролер одговара на стандардните кутии за електрична инсталација
• Компатибилен со: Daikin Altherma 3, Sky Air, Daikin VRV 


Победнички дизајн 

Мадока одекнува со беспрекорна дизaјнерска едноставност, со неговиот шик и елегантен изглед, добитник на бројни пофалби вклучувајќи ги наградите Red Dot Product Design Award и iF Design Award. Овие награди претставуваат две од најпрестижните и најголемите натпреварувања за дизајн во светот. 


3 бои што одговараат на било кој ентериер

Единицата е достапна во три привлечни бои: бела, сребрена и црна. Без разлика на ентериерот, Madoka ќе одговара на него. Сребрената боја дава дополнителен впечаток на истакнување во секој ентериер или примена, додека црната боја е идеална за темни, стилски ентериери. Белата боја нуди елегантен, модерен изглед. За која боја и да се одлучите Madoka дава посебен сил и класа на вашиот внатрешен простор.

 


 За најлесна употреба - Madoka Assistant 

 

Поставувањето и прилагодувањето на управувачот е едноставно и помага да заштедите повеќе и да добиете поголема удобност. Системот може да поддржи до три различни температурни распореди и овозможува забрана на поединечни функции од менито. Надворешната единица може да ја поставите и на тивок режим и да ја следите потрошувачката на енергија.

Madoka Assistant ви овозмозува поврзување преку вашиот телефон овозможувајќи уште поедноставно сетирање и контрола на вашите уреди. Визуелениот интерфејс го поедноставува сетирањето на поставките како што се поставувањето на временски и температурен распоред, активација на енергетска ефикасност, поставување на рестрикции на одредени функции од менито итн.

Madoka за станбено греење
Madoka е компатибилен со најновата генерација на топлотната пумпа на принцип воздух-вода Daikin Altherma 3

 

Madoka за лесна температурна контрола во хотели
Овозможете им на вашите гости лесен и модерен начин за контрола на температурата во нивната хотелска соба.Опционално поврзување со картичка и поставување на ограничувања за заштита од злоупотреба и енергетска загуба, со цел да имате контролата врз трошоците за електрична енергија.

Madoka за вашиот канцелариски простор
Овозможува лесен и брз начин за поставување на сетирањата и времето на работа на системот, дури и преку вашиот телефон.

Рентабилно решение за серверски простории.

Повеќе информации прочитајте во madoka брошурата  Даикин сплит клима уред Sensira

 

 

PAKSON © 2020. All Rights Reserved.