https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

DAIKIN ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ - Беспрекорна удобност, дизајнирано со највисок квалитет

Нашата цел е да ги осигураме нашите купувачи дека може да сметаат на DAIKIN, кога станува збор за беспрекорна удобност, технолошка совршеност, дизајн и највисок квалитет.

 DAIKIN инвертер клима уредите се водечки во ниска потршувачка на електрична енергија, и постојано намалување на влијнието врз околината.
Доверливи производи со СЕРТИФИЦИРАНИ ПЕРФОРМАНСИ, потврдени со EUROVENT сертификат.

DAIKIN инвертер клима уреди – идеално решение, за секоја примена, благодарение на широкиот асортиман на достапни производи и за ладење и за греење.

  • Ниски сметки за струја, благодарение на големата сезонска ефикасност до A+++
  • тивок звук и совршена распределба на протокот на воздух
  • Внатрешни единици во бела, сива-сребрена, црна-мат, црна-blackwood боја
  • Сплит и мулти сплит решенија
  •  Контрола преку мобилна апликација

 


1. Daikin Ururu Sarara 

Daikin Ururu Sarara е првиот систем на топлинска пумпа во светот што комбинира 5 техники за третман на воздухот - ладење и греење, прочистување на воздухот, вентилација, навлажнување и одвлажнување во една единица. Најенергетски ефикасен уред од својата класа на пазарот, класифициран во највисоката категорија за енергетска ефикасност А +++.


 2. Daikin Stylish клима уред

Со серијата Stylish, Daikin овозможува рамнотежа помеѓу функционалноста и естетиката, за да создаде иновативен производ што одговара на секој ентериер. Благодарение на сите нови компоненти (grid сензор, R32 разладно средство, контрола на влажноста, flash streamer технологија, онлајн контрола), Stylish е еден од енергетски најефикасните климатизери достапни на пазарот денес.

 


  3. Daikin Emura

Форма. Функција. Редизајн.
Даикин Емура клима уредот е дизајниран исклучиво за европскиот пазар и опремен со врвни карактеристики. До сега, Emura веќе има добиено четири големи меѓународни награди за дизајн. Достапен во две стилски бои, бела и сребрена. Многу ниско ниво на звучност до 19dB.


  4. Daikin Perfera

DAIKIN FTXM-N, спакувана во свеж европски дизајн, импресионира со одличнa вредност на сезонска ефикaсност А+++. Сензорот за движење 2 зони, овозможува да се пренасочи протокот на воздух, настрана од лицата кои се наоѓаат во моментот во просторијата. Системот автоматски се префрла во мод на заштеда не електричната енергија доколку не се детектираат лица во просторијата. Daikin Flash Streamer технoлогијата овозможува супериорно прочистување на воздухот. 


  5. Daikin Comfora 

Компактните димензии, ја прават FTXP-M единицата идеална за нови објекти, реновирање, особено за инсталирање-поставување над врата. Лесно се вклопува во било кој ентериер. Единицата работи многу тивко, ќе заборавите дека е вклучена. Покрај основниот филтер, инвертерот има уште еден филтер за прочистување на воздухот (титаниум-апатитски филтер). 


 6. Daikin Sensira

 Daikin FTXF-A  - дискретна единица, со висока ефикасност и сигурен комфор. Многу тивка, само со 21 dBA ниво на звучност. Вграден филтер за прочистување на воздухот. Благодарение на ладилното средство R-32, Sensira доби А ++ во ефикасноста на ладење. Што е добро за околината и за вашиот буџет.


  7. Daikin FTXB-C

Daikin FTXB-C - високоѕидна единица со мала потрошувачка на електрична енергија, носи незаборавен комфор во Вашиот дом. Рамен стилски преден панел кој лесно се вклопува во било кој внатрешен ентериер и може лесно да се чисти.


  8. Daikin FVXM-M парапетен клима уред

 

Парапетна единица Даикин FVXM-F за оптимална удобност при греење, благодарение на двојниот проток на воздух. Неговата мала висина овозможува единицата да се смести совршено под прозор. Исто така може да се постави на ѕид или да се вгради. Вертикалното автоматско нишање (дување, нагоре-надолу) ви овозможува ефикасно распределување на температурата низ целата просторија.


  9. Daikin Nexura

Стилска парапетна единица Daikin FVXG-K со панел за радијантна топлина, што може да загрева исто како и традиционален радијатор, за да овозможи уште поголема удобност во ладните денови. Може да се постави на ѕид или да се вгради. Тивка (19dB) и дискретна, Nexura Ви го нуди најдоброто при ладење и греење, и најдоброто во удобност и дизајн.

 

 

 

PAKSON © 2020. All Rights Reserved.