https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

ПРОНАЈДЕТЕ ГО DAIKIN МУЛТИ СПЛИТ РЕШЕНИЕТО ЗА ВАШИОТ ДОМ

Ладење или греење на повеќе простории со една надворешна единица. Мулти сплит системот Ви овозможува бескрајна можност за креирање на удобен и пријатен дом. Високо енергетски ефикасен систем за греење и ладење во повеќе простории, со поврзување до 5 внатрешни единици на една надворешна единица.

Кај сплит клима уредите, за секоја внатрешна единица, потребна ви е посебна надворешна единица. Повеќе надворешни единици зафаќаат повеќе место. Повеќе надворешни единици визуелно го намалуваат просторот. Повеќе надворешни единици, значи повеќе звучност. Повеќе надворешни единици ја зголемуваат потрошувачката. Дури и најмалите единици може да бидат преголеми за малите простории.

 

Користење на само ЕДНА НАДВОРЕШНА МУЛТИ СПЛИТ единица за СИТЕ ВНАТРЕШНИ единици значи:

 Заштеда на простор: Драстично намалете го потребниот простор за поставување на голем број надворешни единици на вашата фасада. Помал простор за монтирање - да се пронајде само едно место за монтажа е многу полесно, уживајте во Вашиот амбиент
 Полесна инсталација, одржување
Пониска потрошувачка на електрична енергија, благодарение на високата енергетска ефикасност на мулти компресорот
• Тивко работење-помала бучавост: Само една единица во работењето е многу потивкa од две или повеќе надворешни единици
Поголема флексибилност: Може да поврзете до 5 внатрешни единици со различен стил (високоѕидни, парапетни, касетни, каналски
• Mожност за да аплицирате за GEFF програма и да добиете ГРАНТ ДО 20%. Банки за поддршка: Прокредит Банка, Шпаркасе и Охридска Банка 


1. МУЛТИ СПЛИТ НАДВОРЕШНИ ЕДИНИЦИ СО 2, 3, 4 И 5 ПРИКЛУЧОЦИ 

 

Мулти сплит надворешните единици ги имаат најновите "swing"компресори кои се тивки и високо енергетски ефикасни, сезонска ефикасност до А+++ за ладење и А++ за греење. Различни модели на мулти надворешни единии (2MXM40M, 2MXM50M9, 3MXM40N, 3MXM52N, 3MXM68N, 4MXM68N, 4MXM80N, 5MXM90N) кои можат да поврзат 2, 3, 4 или 5 внатрешни единици. Користење на R-32 фреон значи, намалено влијание врз природата, поголема енергетска ефикасност на единицата и користи помалку енергија од единиците со R-410A.


 2. ИЗБЕРЕТЕ ОД ГОЛЕМИОТ АСОРТИМАН НА ВНАТРЕШНИ ИНВЕРТЕР ЕДИНИЦИ  

Може да комбинирате различни типови на внатрешни единици: со високоѕидна монтажа, парапетни, плафонски, касетни, скриени плафонски единици, за Вашата дневна, спална, детска просторија врз основа на Вашиот стил и буџет. Внатрешни единици: Daikin Stylish, Perfera, Emura, Comfora, FVXM-F, FDXM-F.

Помалку значи повеќе: Помалку место, потивок звук, помал визуелен ефект. Разубавете ја Вашата околина со Daikin мулти сплит систем.

  

  

PAKSON © 2020. All Rights Reserved.