https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

Искористи 1000 евра СУБВЕНЦИИ од град СКОПЈЕ и обезбеди се со DAIKIN инвертер

Денес 03.07.2020 година, град Скопје објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2020 година. 

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ ИМААТ: 

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на градот Скопје (во општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај) кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во период од 01.01.2020 година се до завршување на Јавниот повик и ќе поднесат барање за надоместување на трошоците.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, кои имаат техничка можност за приклучување кон системот за централно греење и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

 

БАРАТЕЛОТ НА СУБВЕНЦИИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА СЛЕДНИВЕ УСЛОВИ:

- да има живеалиште на подрачјето на град Скопје (општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај),

- да нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство (станбен објект) од Градот Скопје; - до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,

- да ја предаде постојната печка на јаглен, дрва, нафта или мазут на Град Скопје или на службите на јавните претпријатија на Град Скопје. Местата и времето за предавање на старите печки ќе бидат дополнително определени, а за тоа граѓаните ќе бидат известени на интернет страницата на Градот Скопје: www.skopje.gov.mk;

- набавениот уред да биде купен во 2020-та година се до завршување на Јавниот повик, истиот да биде исплатен во целост и да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;

- набавениот уред задолжително да ги има најмалку следните карактеристики: да има најмалку COP 3.5, да грее на надворешна температура од -15°C и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење;

- станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;

- да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи, и - да нема техничка можност за приклучок на системот за централно греење.

 

ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ И ДОКЖУВАЊЕ ДЕКА УСЛОВИТЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ, БАРАТЕЛОТ ДО ГРАД СКОПЈЕ ТРЕБА ДА ДОСТАВИ:

- потпишано и скенирано барање за надоместок (Барањето може да се обезбеди од интернет страницата на Град Скопје: www.skopje.gov.mk);

- скенирана важечка лична карта, како доказ дека е жител на град Скопје;

- скенирана фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користи;

- скенирана нотарски заверена изјава дека доброволно и без надомест ќе ја предаде постојната печка на дрва, јаглен, нафта или мазут на Град Скопје или на службите на јавните претпријатија на Град Скопје и дека нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство (станбен објект) од Градот Скопје (пример на изјавата ќе биде објавен на интернет страницата на Градот Скопје: www.skopje.gov.mk);

- скенирана оригинална потврда, заверена со потпис и печат од продавачот, дека набавениот инвертер клима уред е високоефикасен т.е. ги исполнува следните минимални карактеристики: има најмалку COP 3.5, грее на надворешна температура од -15°C и е најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење (пример на потврдата ќе биде објавен на интернет страницата на Градот Скопје: www.skopje.gov.mk);

- скениран оригинален доказ дека е извршено купување во 2020 година и тоа со само една фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата во целост, и

- скенирана трансакциска сметка 

DAIKIN БРЕНДОТ ЦЕЛОСНО ГИ ИСПОЛНУВА УСЛОВИТЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ОД ГРАД СКОПЈЕ:

- COP > 3.5 kW

- Енергетска  ефикасност за греење: A +

- Работен опсег на греење: -15°C ~ 18°C

 Јавниот повик целосно може да го прочитате на следниот линк:  Daikin inverter klima ured FTXBC

Содржината е превземена од https://skopje.gov.mk/

 

 

 

 

  

  

PAKSON © 2020. All Rights Reserved.