https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ DAIKIN ALTHERMA ТОПЛОТНА ПУМПА ВОЗДУХ-ВОДА?

Супериорни перформанси, иновативен дизајн и акустична удобност.

Без разлика дали реновирате или имате нов објект за градење, за Вашата куќа или стан - секогаш ќе најдете соодветна топлинска пумпа од Daikin.
Daikin Altherma е иновативен систем кој ги загрева, произведува домашна топла вода, па дури и може да ги лади просторите. Се поврзува со подно греење, радијатори, вентилоконвектори – фенкојлери.

 

 


КОЈА ТОПЛИНСКА ПУМПА Е ПРАВИЛНИОТ ИЗБОР ЗА ВАШИОТ ОБЈЕКТ?

1. НИСКОТЕМПЕРАТУРНА ТОПЛИНСКА ПУМПА 

( ДО 55°C ТЕМПЕРАТУРА НА ВОДА )

Најпродаваната топлинска пумпа во опсегот на Daikin. Благодарение на примената на ниска температура, идеално се вклопуваат во новоизградените куќи со ниски побарувања за енергија. Ефективно работење – најдобра енергетска ефикасност со примена на подно греење и вентилоконвентори.

- Опсегот на работа се движи до -25°C.
- Поврзувањето е со фреон R410-A.
- Капацитети: 11kw / 14kw / 16kw 


2. СРЕДНОТЕМПЕРАТУРНА ТОПЛИНСКА ПУМПА
( ДО 65°C ТЕМПЕРАТУРА НА ВОДА )


Bluevolution технологија комбинирана со висока енергетска ефикасност на компресорот, развиена од Daikin. Сезонска ефикасност кај овие топлински пумпи достигнува А+++. Енергетската ефикасност COP достигнува до 5,1 (на 7 ° C / 35 ° C), додека ефикасност на санитарна топла вода COP до 3,3 (EN16147). Најдобра енергетска ефикасност со примена на подно греење, вентилоконвентори, понови радијатори.

- Опсегот на работа се движи до -28°C (за EPGA-DV)
- Поврзувањето е со еколошки фреон R32
- Капацитети за ERGA-DV серија: 4kW / 6kW / 8kW
- Капацитети за EPGA-DV серија: 11kW / 14kW / 16kW 


 3.ВИСОКОТЕМПЕРАТУРНА ТОПЛИНСКА ПУМПА 

( ДО 80°C ТЕМПЕРАТУРА НА ВОДА )

 

Новата (2020 година), Daikin Altherma високо-температурна топлинска пумпа е оптимално решение за проекти за реновирање кои бараат температурa на вода од 60°С и повисока. Во споредба со традиционалните системи за греење ефикасноста е многу повисока и можете значително да заштедите на трошоците за работа. Испорачува температура на водата од 70°C, слична на вашиот котел и без употреба на дополнителен електричен резервен греач, не треба да ги менувате вашите постоечки радијатори.

- Опсегот на работа се движи до -28°C
- Поврзувањето е со новиот еколошки фреон R32
- Капацитети: 14kW / 16kW / 18kW

 


 ОПТИМИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ СИСТЕМ ЗА ГРЕЕЊЕ / ЛАДЕЊЕ СО ИЗБОР НА ВИСТИНСКИТЕ ПЕРИФЕРНИ УРЕДИ

 

Уживајте во предноста на новите Daikin Altherma HPC (конвектори - фенкојлери). Греење и ладење во еден производ. За разлика од радијаторите, конвекторите работат на ниска температура на вода (30°C) и можат побрзо да обезбедат греење или ладење благодарение на вентилаторот внатре. Добијте иста удобност како традиционалните радијатори, но со заштеда на енергија.

 


ДОБИЈТЕ РЕШЕНИЕ - ПОНУДА ЗА ДАИКИН АЛТЕРМА ТОПЛИНСКА ПУМПА  ЗА ВАШИОТ ОБЈЕКТ 

 КОЛКУ ЧИНИ ИНВЕСТИЦИЈАТА - ПРИМЕР ЗА 200 М2

За да добиете понуда решение со Daikin Altherma топлинска пумпа, ве замолуваме во описот за Вашиот објект, обезбедете ни информации за следново:
1. Тип на објект: куќа или стан
2. Нето површина за греење и/или ладење m2
3.Изолација на објект: високоизолиран, средноизолиран, нискоизолиран или неизолиран
4. Решение-потреба со топлинска пумпа (избери една од понудените опции): само греење, греење + санитарна топла вода, греење+ладење, греење+ладење+санитарна топла вода
4. Дали сакате да го замените стариот систем (котел) за греење со нов? или објектот е нова градба?
5. Дали имате постоечки грејни/ладилни тела: радијатори, фенкојлери, подно греење или треба да се димензионира сосема ново решение (наведете со кои грејни/ладилни тела за сите внатрешни простории)

Повеќе информации прочитајте во Daikin каталозите  Даикин сплит клима уред Sensira

 

ПОБАРАЈ ПОНУДА ВО ПАКСОН 

 

PAKSON © 2024. All Rights Reserved.
We use cookies
Нашиот веб сајт со цел да ви овозможи подобро корисничко искуство користи колачиња (cookies) со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликање на копчето 'Прифати', вие овозможувате користење на сите колачиња. Колачињата кои ги користи ПАКСОН не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Доколку го одбиете користењето на колачиња, ќе продолжите да го користите сајтот со минимално потребните колачиња за непречено и нормално функционирање на веб сајтот.