https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

Daikin вентилација со рекуперација на топлина

ДАЛИ ИМАТЕ ПОТРЕБА ОД СВЕЖ И ЧИСТ ВОЗДУХ СО ВЕНТИЛАЦИЈА?

 ВЕНТИЛАЦИЈА НА ВОЗДУХОТ Е ВАЖНА ЗА ВАШИОТ ОБЈЕКТ

Херметичката инфраструктура на модерните објекти гарантира супериорна изолација и енергетска ефикасност, но истовремено тоа значи дека има недостаток на свеж воздух, што може да предизвика акумулирање влага, микроби и алергени. Воздухот во затворените простории станува нечист - застоен, исполнет со мириси, итн. Затоа ние имаме потреба од вентилација поради што  - отвораме прозори. Кога отвораме прозори, изнесуваме загаден, топол/ладен воздух, и внесуваме свеж воздух. Свежиот воздух во просторијата треба повторно да се загрее / излади до пријатна температура, за што е потребна енергија, односно трошење на пари. Така воздухот е пријатно затоплен/изладен, но повторно загаден, при што се нарушува рамнотежата на комфор. За да обезбедиме идеални услови ние трошиме премногу енергија, пари за ладење / греење.

За да се реши овој проблем, Daikin нуди различни решенија за вентилација со рекуперација на топлина за да овозможи свеж и чист воздух на најефикасен начин.

 СВЕЖ И ЧИСТ ВНАТРЕШЕН ВОЗДУХ - ВЕНТИЛАЦИЈА СО РЕКУПЕРАЦИЈА

 

За да се создаде совршена внатрешна клима, постојат 5 главни компоненти што треба да се земат во предвид кога се мери квалитетот на внатрешниот воздух и кога се контролира со помош на нашите решенија за вентилација со рекуперација:
• Вентилација: овозможува дотур на свеж воздух
• Енергетска ефикасност - обновување на енергија: враќање на топлината, одржување на влажноста на воздухот (VKM)
• Обработка на воздух: го грее и го лади воздухот што влегува, за да ја зголеми удобноста и да го намали оптоварувањето на климатизацијата
• Навлажнување: ја отпимизира рамнотежата меѓу внатрешната и надворешната влажност (DAIKIN VKM)
• Филтрирање: отстранување на прашина, загадувaчи и мириси од воздухот

 


 DAIKIN ВЕНТИЛАЦИЈА СО РЕКУПЕРАЦИЈА НА ТОПЛИНА

 

Рекуператор (Daikin VAM & VKM) - Овој производ е дизајниран да одржува висококвалитетен воздух во затворените простории, преку обезбедување на дотур на свеж воздух од надвор, одземање - исфрлање на застоениот воздух, и топлинска заштеда на вентилација. Рекуператорот е опремен со филтри, кои вршат прочистување на воздухот, внесен од надвор.

Единиците за вентилација со рекуперација на топлина, може да заштедат и до 80% енергија во споредба со стандардната вентилација. 80 % заштеда на енергија – потребна за задоволување на термичките загуби предизвикани од свежиот воздух кој е внесен во објект.

Може да се користи самостојно или интегрирано во Daikin Sky Air или VRV систем
• Широк спектар на единици: проток на воздух од 150 до 2000 m3 / h
• Tотално решение за свеж воздух со Daikin VAM / VKM и дополнителни електрични грејачи доколку има потреба
Заштеда на енергија, бидејки се користи размена на топлина
“Бесплатно ладење” – кога надворешната температура е пониска од внатрешната (пример во текот на ноќта)
• Подобрете го квалитетот на воздухот во затворен простор со опционалниот CO2 сензор и спречете ги загубите на енергија од преоптоварување на вентилацијата 


ВЕНТИЛАЦИЈА ЗА СЕКОЈ ТИП НА ОБЈЕКТ - ФИЛТЕР 

 -Референтен објект хотел UNIQUE RESORT & SPA

Unique Resort & Spa - хотел во Охрид, со 165 соби. Системот за греење и ладење во овој објект е изведен со Daikin VRV и топлински пумпи Daikin Althrma. Вентилацијата - VAM (FC) единиците се интегрирани со VRV системите. Со VAM единиците се врши филтрирање на воздухот во ресторанот, конференциската сала и фитнес центарот.


ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШИОТ ПРОЕКТ СО НАС?

Идеално решение за деловни објекти, продавници, ресторани или канцеларии. Нашите Daikin опции за вентилација ќе ви помогнат да создадете свежа, здрава и пријатна средина.

 Побарај понуда

Повеќе информации за Daikin вентилација со рекуперација на топлина може да прочитате во каталогот procistuvac mc55w tehnicki karakteristiki

 

 

 

 

 

PAKSON © 2024. All Rights Reserved.
We use cookies
Нашиот веб сајт со цел да ви овозможи подобро корисничко искуство користи колачиња (cookies) со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликање на копчето 'Прифати', вие овозможувате користење на сите колачиња. Колачињата кои ги користи ПАКСОН не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Доколку го одбиете користењето на колачиња, ќе продолжите да го користите сајтот со минимално потребните колачиња за непречено и нормално функционирање на веб сајтот.