https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

Daikin потврди дека STREAMER ТЕХНОЛОГИЈАТА УНИШТУВА повеќе од 99,9% од КОРОНА ВИРУСОТ (SARS-CoV-2)

Во обид да се потврди ефикасноста на Streamer технологијата од 2004 година, Daikin претходно демонстрираше над 60 видови штетни материи, како што се бактерии, алергени и вируси, вклучително и вирус на грип (тип А, H5N1) и норовируси на глувци, кои се потиснати или деактивирани од Streamer технологија.  Од најновата студија, Daikin потврди дека Streamer Technology уништува повеќе од 99,9% корона вирус (SARS-CoV-2).

ПАТЕНТИРАНА DAIKIN STREAMER ТЕХНОЛОГИЈА КОЈА ЕФИКАСНО УНИШТУВА ВИРУСИ (SARS-CoV-2)

Daikin сега може самоуверено да ја потврди ефикасноста на својата патентирана СТРИМЕР ТЕХНОЛОГИЈА успешно уништува повеќе од 99,97% од SARS-CoV-2 откако го озрачи вирусот 3 часа. 

Daikin’s Streamer технологијата e развиена (од Daikin) во 2004 година. "Streamer Discharge" е тип на плазма-празнење при што се генерираат електрони со голема брзина, способни за оксидативно разложување. Оваа моќна технологија  погодува вируси, бактерии, алергени опасните хемиски материи, ЗАГАДУВАЧИ НА ВОЗДУХОТ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР, ги разградува и фрагментира нивните површински протеини, кои потоа се уништуваат преку оксидација, со што се прави вирусот безбеден.

Подобрувањето на квалитетот на воздухот во затворените простории отсекогаш било дел од фокусот на Daikin.

Истражувачкиот тим спроведе експеримент каде вирусите беа озрачени за време од 3 часа со технологијата Daikin Flash Streamer. Истражувањето што го спроведе Daikin Industries во соработка со професорот Шигеру од катедрата за биомедицински науки на Универзитетот во Токио и група истражувачи предводени од проф. Шигеру Морикава од одделот за микробиологија на Универзитетот за науки Окајама, покажува дека Flash Streamer  технологијата на Daikin го уништува SARS-CoV-2 вирусот до 99.9% по 3 часа озрачување на вирусот.

 

Резултатите од овој експеримент покажаа дека:

- Флеш стример технологијата уништува  93,65% коронавирус (SAR-CoV-2) по 1 час зрачење

- Флеш стример технологијата уништува  99,97% коронавирус (SAR-CoV-2) по 3 часа зрачење

Забелешка: Тестовите опишани овде се однесуваат само на патентираната технологија Streamer. Ефектите на производите опремени со Streamer технологија или ефектите во реални услови може да се разликуваат. За повеќе информации за производите на Daikin кои ја вклучуваат Streamer Technology, ве молиме, повикајте се на соодветните информации за производот.

Прочитајте го оригиналниот допис од DAIKIN за SARS-CoV-2 на овој линк:    procistuvac mc55w tehnicki karakteristiki 

 


DAIKIN CLASH & CYCLE & CLEAN



CLASH

Филтерот за собирање прашина ги фаќа штетните лебдечки материи и Daikin Streamer ги распаѓа со оксидација.

CYCLE

Филтерот за дезодорирање апсорбира и распаѓа мирис. Благодарение на регенерацијата на капацитетот за апсорпција, се одржува капацитетот за дезодорирање. Нема потреба да го менувате филтерот за дезодорирање, за разлика од прочистувачите на воздухот со филтри со активен јаглен.

CLEAN

Ги отстранува бактериите од филтерот за собирање прашина. 


 DAIKIN MC55W ПРОЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХ СО STREAMER ТЕХНОЛОГИЈА 

 

Прочистувачот на воздух Daikin MC55W, со брзина на проток на воздух од 330 m3/h, и високо чувствителен сензор за прашина, има можност да разликува честички на прашина почнувајќи од PM 2.5 и како резултат на тоа да реагира.
Карактеристики:
• Применлива површинa: 41m2
• Сензори: за прашина, за дезодоризирање на мириси, за PM 2.5
• Димензии (вxшxд): 500 x 270 x 270 mm
• Прочистување на воздух (во turbo мод): 330m3/h
• Тежина:6,8kg
• Тивок мод на работа до 19dBa 


DAIKIN MCK55W ПРОЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХ СО НАВЛАЖНУВАЧ СО СТРИМЕР ТЕХНОЛОГИЈА

Procistuvac na vozduh so navlaznuvac 

Прочистувачот на воздухот Daikin MCK55W со вградена функција за навлажнување, се издвојува по својот оригинален дизајн и уникатен стил. Обезбедува чист воздух, без прашина, бактерии, вируси и алергени.
Карактеристики:
• Применлива површинa: 41m2
• Сензори: за прашина, за навлажнување, за дезодоризирање на мириси, за PM 2.5
• Димензии (вxшxд): 700 x 270 x 270 mm
• Прочистување на воздух (во turbo мод): 330m3/h
• Навлажнување на воздух (во turbo мод): 330m 3/h
• Тежина:9,5 kg
• Тивок мод на работа - 19dBa за прочистување на воздухот
• Тивок мода на работа - 25dBa за навлажнување на воздухот

 

Повеќе информации прочитајте во брошурите,

за Daikin MC55W ПРОЧИСТУВАЧ  procistuvac mc55w tehnicki karakteristiki

за Daikin MC55W ПРОЧИСТУВАЧ СО НАВЛАЖНУВАЧ  procistuvac so navlaznuvac mck55w tehnicki karakteristiki

 

 

 

PAKSON © 2021. All Rights Reserved.