https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

ПОДНО ГРЕЕЊЕ ЗА ВАШАТА DAIKIN ТОПЛИНСКА ПУМПА

Подното греење е одржлив и економичен систем за греење, ние сме тука да ги разоткриеме митовите и да ви покажеме зошто овој систем е одлична опција за вас.

ВИДОВИ НА ПОДНО ГРЕЕЊЕ

Во моментов, постојат два вида системи за подно греење: електрични системи и хидраулични системи, кои работат на топла вода. Хидрауличниот систем доаѓа и во две различни инфраструктури познати како сув систем и влажен систем, а разликата помеѓу двете е како се поставуваат цевките.

Обично ќе ја најдете хидрауличната варијанта кај новите градежни проекти, додека сувата верзија и електричните системи се најпогодни за реновирање.

Сега кога знаете малку од техничката страна на подното греење, време е да ги разгледате митовите околу него.


МИТ 1: Подното греење е многу поскапо од радијаторите

Вистина е дека цената за поставување на подно греење е 30% поскапа од традиционалните радијатори. Но, подното греење е инвестиција која долгорочно се исплати. Бидејќи системот е енергетски поефикасен и бара помалку одржување, корисниците ќе откријат дека нивните сметки за струја и вкупните трошоци на системот се многу пониски од традиционалните радијатори.


 МИТ 2: Куќа со подно греење никогаш не се загрева

Иако е точно дека подното греење не произведува толку многу топлина како обичните радијатори, тоа генерира доволно топлина за да создаде удобно опкружување. Системот работи на рамномерно распоредување на топлината на целата подна површина, така што температурата во просторијата може да достигне до 25°C. Сопствениците на домови можат и да го постават термостатот неколку степени пониско и да бидат сигурни дека не губат никаква топлина.


МИТ 3: Подното греење е технички електрично греење 

 

Се разбира, електричното подно греење работи на струја, но хидрауличниот систем работи на топла вода и централно греење. Исто така, постои опција за поврзување на подниот систем со топлинска пумпа. Иако топлинската пумпа бара електрична енергија, таа исто така користи обновлива енергија. Бидејќи подното греење работи на константна ниска температура, изборот да додадете топлинска пумпа на вашиот систем е идеален избор.


МИТ 4: Греењето на подот бара подолго време за да се загрее куќата, така што температурата никогаш не е константна

Додека електричното подно греење работи скоро исто брзо како радијаторите, хидрауличните системи реагираат малку побавно. Но, тоа не значи дека треба да страдате од ниските температури. Важно е да видите како можете да го поставите вашиот систем за најдобро да одговара на вашиот животен стил и да го одржувате комфорот во вашиот дом. На пример, ако имате хидрауличен систем, можете да ги промените поставките за да бидете сигурни дека собната температура паѓа само три степени во текот на ноќта.


МИТ 5: Подното греење ги отекува стапалата

Во раните денови на подно греење, температурата во просторијата можела да се искачи на повеќе од 35°C, а така, вашите стапала може да отечат. Но, со сегашните системи, овие ситуации повеќе не се случуваат, особено ако вашата куќа е добро изолирана. Нашата Daikin Altherma топлинска пумпа во комбинацијан со подно греење се сетира на 27°C, за вие да уживате во постојан комфор.


МИТ 6: Подното греење е нездраво

Баш напротив! Подното греење спречува циркулација на честички прашина кои можат да предизвикаат алергии или болести. Сопствениците на домови исто така можат да ја искористат подобрата влажност и поздравата средина без грини и мувла, што е особено корисно за луѓето кои имаат алергии или респираторни проблеми.


МИТ 7: Не можете да комбинирате подно со маркет

Ако земете предвид некои фактори, лесно можете да комбинирате подно греење и паркет. Ако имате стабилен тип на дрво кое е отпорно на влажност и повеќеслојна верзија каде што штиците се широки до 15 cm, можете да поставите подно и под паркет!

 

PAKSON © 2024. All Rights Reserved.
We use cookies
Нашиот веб сајт со цел да ви овозможи подобро корисничко искуство користи колачиња (cookies) со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликање на копчето 'Прифати', вие овозможувате користење на сите колачиња. Колачињата кои ги користи ПАКСОН не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Доколку го одбиете користењето на колачиња, ќе продолжите да го користите сајтот со минимално потребните колачиња за непречено и нормално функционирање на веб сајтот.