https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЦЕНТРАЛЕН СИСТЕМ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ СО DAIKIN ALTHERMA 3 ТОПЛИНСКА ПУМПА?

ПОСТАВУВАЊЕ НА DAIKIN ALTHERMA ТОПЛИНСКА ПУМПА ЗА ЛАДЕЊЕ И ГРЕЕЊЕ ВО СТОМАТОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА

1. ПОДАТОЦИ ЗА ОБЈЕКТОТ

Намена: Стоматолошка ординација Паноров Дент

Локација: Гевгелија

Површина на објектот: 140m2

Потреба на објектот: Греење и ладење

Состојба на изолација: 10cm стиропор, PVC прозорци, плочки на под..

 


ПОСТОЕЧКИ ИНСТАЛАЦИИ НА ОБЈЕКТОТ

Пo направениот увид на објектот од страна на инженерите од Паксон, беше константирано дека во објектот има постоечка инсталација на подно греење и инсталација за поврзување со вентилоконвектори. Инсталацијата беше соодветна и прописно изведена, а вертикалите беа одведени до соодветно место предвидено за поставување на внатрешната единица од топлинската пумпа.


ПОТРЕБИ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ

Бидејки станува збор за стоматолошка ординација со неколку вработени и голем број на клиенти, од исклучителна важност е системот да ја постигнува бараната температура. Според тоа беа соодветно димензионирани вентилоконвекторите. Во објектот се поставија стандардни Daikin парапетни вентилоконвектори од моделот FWV-DTN, вкупно 7 парчиња. Топлинската пумпа беше димензионирана според направени термички пресметки под услови на внатрешна температура во режим на греење 22˚С и надворешна -15˚С. Пресметките покажаа дека во режим на греење топлинската пумпа треба да обезбеди 65 W/m2.

 


ИЗБОР НА DAIKIN ALTHERMA ТОПЛИНСКА ПУМПА - ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЕ ОД ПАКСОН

Согласно направени термички пресметки за загуби на топлина на објектот за стоматолошката ординација со вкупна квадратура до 140m2, со одлична состојба на изолација и постоечки инсталации за подно греење и вентилоконвектори, понудивме поставување на среднотемпературна топлотна пумпа DAIKIN Altherma 3 со номинален капацитет од 8kW. При изборот за топлинска пумпа беа земени во предвид и техноекономски пресметки.


КАРАКТЕРИСТИКИ НА DAIKIN ALTHERMA 3 ТОПЛИНСКА ПУМПА

Надворешната единица на Daikin Altherma извлекува дури до 75% од енергијата на надворешниот воздух за да овозможи греење во објектот, додека остатокот се обезбедува од електрична енергија. Воздушно-водената топлотна пумпа се базира на компресорска технологија, при што ладилно средство ја транспортира енергијата од надворешниот воздухот на водата што циркулира во затворениот систем и ја загрева водата според барањата на корисникот, а потоа ја транспортира низ инсталациите. Среднотемпературната топлинска пумпа Altherma 3 се карактеризира со:

  • максимална температура на вода од 65˚С,
  • работа при надворешни температури од -25˚С до +43˚С 
  • висока енергетска ефикасност А+++

ИНВЕСТИЦИСКИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕНАМЕНА НА СИСТЕМОТ

Вкупните инвестициски трошоци за поставување на топлинската пумпа во референтниот објект, поставување на парапетни вентилоконвектори и поврзување на топлинската пумпа со веќе постоечките инсталации чинеше 9,450 евра (цена во февруари 2022). 


ПОВРАТОК НА ИНВЕСТИЦИЈАТА СО ТОПЛИНСКА ПУМПА:

Согласно сегашните цени за електрична енергија, направена е симулација за пресметка на трошоците за електрична енергија, како и споредба со други систем и за греење што често се користат во домаќинствата за греење.

 

Потрошувачка на електрична енергија во денари

Согласно информациите добиени од графикот погоре, вкупната инвестиција за поставување на топлинска пумпа во ова домаќинство ќе се врати во период од седум до десет години.

Според претходниот график, годишните трошоци за греење со топлинска пумпа ќе изнесуваат 31,765 денари. Направена е споредба со котел на електрична енергија и котел на пелети. Доколку во истиот простор би се поставел котел на струја, трошоците за грејна сезона би изнесувале 90,560 денари, што во принцип е трипати повеќе од потрошувачката со топлинска пумпа.

Разликата од котел на електрична енергија и котел на пелети е речиси двапати поголема, сето тоа во зависност од цената на пелетите, квалитетот и класата на пелетите. Во пресметката е земена цена на пелети од 15 денари, но истата може да биде повисока во зависност од насоката на движење на цените.

 

Месечна потрошувачка на електрична енергија во сезона, во ДЕНАРИ

 

 

Дополнителна предност на топлинската пумпа што е поставена во овој објект, е што може да се користи и во режим на ладење, додека котелот на пелети и котелот на електрична енергија може да се користат само за греење.

 

Daikin Altherma 3 топлинската пумпа претставува инвестиција во удобност и заштеда на енергија.

 

Паксон - Премиум партнер на Daikin за Македонија
Ул. Загребска бр. 28в, лок. 5, 1000 Скопје
02 3109 998 | 075 399 974 | 076 360 654
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. | www.pakson.mk

 

PAKSON © 2024. All Rights Reserved.
We use cookies
Нашиот веб сајт со цел да ви овозможи подобро корисничко искуство користи колачиња (cookies) со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликање на копчето 'Прифати', вие овозможувате користење на сите колачиња. Колачињата кои ги користи ПАКСОН не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Доколку го одбиете користењето на колачиња, ќе продолжите да го користите сајтот со минимално потребните колачиња за непречено и нормално функционирање на веб сајтот.