https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Греење, ладење и топла вода за
Вашиот нов дом.

Градењето нова куќа е возбудливо, но некогаш и пренапорно. Дозволете ни да ви помогнеме со неколку совети околу избирањето на вистинското решение за климатизација за вашиот иден дом!

Image

Список за изградба на нова куќа.

Кога избирате решение за климатизација или топлотна пумпа за вашиот нов дом, треба да земете предвид многу работи. Треба да си поставите многу прашања пред да седнете со архитектот или градежниот советник. Ги подредивме овие важни прашања во 3 главни области: вашите потреби, вашиот дом и вашата иднина.
Image

Вашата иднина

  • Дали планирате проширување на семејството? Дали ќе има значајни промени во греењето, ладењето или потрошувачката на топла вода?

  • Од колкаво значење за вас е емисијата на јаглеродни гасови? Дали сакате да користите обновливи извори на енергија, како на пример, соларна енергија?

  • Дали сакате сега да потрошите малку повеќе, за да заштедите многу на идните сметки за струја?
Image

Вашиот дом

  • Кои вообичаени енергетски извори ќе се поврзат со вашата куќа?

  • Колку соби треба да се греат и да се ладат?

  • Дали претпочитате внатрешна или надворешна инсталација?

  • Дали сакате единици со високоѕидна монтажа, грејачи што зрачат или невидливи единици?
Image

Вашите потреби

  • Дали сакате греење, ладење, топла вода или целосно решение?

  • На каков извор на обновлива енергија можете да сметате?

  • Дали има законски регулативи или мотиви за енергетски поефикасни решенија?

Намалете го влијанието на вашиот дом врз околината

Обновливите извори на енергија, како на пример, воздух, земна и соларна енергија се до 5 пати поефикасни од секојдневните извори на енергија, како гас, нафта и електрична струја. Без разлика дали сакате целосно одржливо, хибридно или секојдневно решение, нудиме избор на решенија што ќе ги намалат трошоците за струја и ќе бидат од корист за околината.

Избор на правиот извор на енергија за вашиот нов дом.

Секој дом е поинаков и има поинакви потреби. Нудиме различни решенија за греење, ладење и топла вода на Daikin за вашата нова куќа. Земете ги предвид сите опции пред да решите кое решение е најдобро за вас.
Image
Нискотемпературна топлотна пумпа воздух-водa.

DAIKIN Altherma

  • За греење, топла вода и ладење

  • Напојувана од 75% воздух и 25% струја

  • Дополнителна соларна поддршка

  • Идеална за нови домови и еколошки објекти
Image
Топлотна пумпа воздух-воздух

DAIKIN Altherma


  • За греење и ладење

  • Напојувана од 80% воздух и 20% струја

  • Идеална за нови домови, еколошки објекти и за замена на стари електрични системи
Image
Топлотна пумпа со земен извор


DAIKIN Altherma


  • За греење и топла вода

  • Напојувана од 80% геотермална топлина и 20% струја

  • Идеално за нови домови и за реновирање каде што има место
Oвластен партнер на Даикин во Македонија
PAKSON © 2024. All Rights Reserved.
We use cookies
Нашиот веб сајт со цел да ви овозможи подобро корисничко искуство користи колачиња (cookies) со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликање на копчето 'Прифати', вие овозможувате користење на сите колачиња. Колачињата кои ги користи ПАКСОН не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Доколку го одбиете користењето на колачиња, ќе продолжите да го користите сајтот со минимално потребните колачиња за непречено и нормално функционирање на веб сајтот.