https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Реновирајте го Вашиот дом со
Daikin.

Што треба да земете предвид кога го реновирате вашиот дом и инсталирате ново решение за греење или ладење.

Image

Вистинското решение за вашиот дом

Замената на стариот бојлер на гас или на нафта е лесна со единицата на Daikin. Нашите топлотни пумпи и бојлери се флексибилни и може да задоволат разни оригинални радијатори и цевни системи, за да не се грижите дека треба да замените сè.

Можност да го намалите влијанието врз околината

Замената на стариот систем за греење, ладење или топла вода е совршен момент да го намалите вашето влијание врз околината, со тоа што ќе изберете еколошко и енергетски ефикасно решение. Обновливите извори на енергија, како на пример, воздух, земна и соларна енергија се до 5 пати поефикасни од секојдневните извори на енергија, како гас, нафта и електрична струја. Без разлика дали сакате целосно одржливо, хибридно или секојдневно решение, нудиме избор на решенија што ќе ги намалат трошоците за струја и ќе бидат од корист за околината.

Инвестирајте во својата иднина

Кога го реновирате домот, инвестирате во својата иднина. Важно е да изберете решение за греење и ладење што е опремено да трае подолго време. Нашите системи за климатизација се создадени да траат. Кога ќе купите единица на Daikin, купувате за својата иднина.

Избор на правиот извор на енергија за вас.

Постојат многу опции за греење и ладење за вашиот дом. Предизвикот е да го најдете она што ќе одговара совршено на вашиот дом и животен стил. Не се брзајте да ги согледате сите опции, затоа што со единица на Daikin инвестирате во својата иднина.

Image
Нискотемпературна топлотна пумпа воздух-водa.

DAIKIN Altherma

  • За греење, топла вода и ладење

  • Напојувана од 75% воздух и 25% струја

  • Дополнителна соларна поддршка

  • Идеална за нови домови и еколошки објекти
Image
Топлотна пумпа воздух-воздух

DAIKIN Altherma


  • За греење и ладење

  • Напојувана од 80% воздух и 20% струја

  • Идеална за нови домови, еколошки објекти и за замена на стари електрични системи
Image
Топлотна пумпа со земен извор


DAIKIN Altherma


  • За греење и топла вода

  • Напојувана од 80% геотермална топлина и 20% струја

  • Идеално за нови домови и за реновирање каде што има место
Oвластен партнер на Даикин во Македонија
PAKSON © 2024. All Rights Reserved.
We use cookies
Нашиот веб сајт со цел да ви овозможи подобро корисничко искуство користи колачиња (cookies) со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликање на копчето 'Прифати', вие овозможувате користење на сите колачиња. Колачињата кои ги користи ПАКСОН не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Доколку го одбиете користењето на колачиња, ќе продолжите да го користите сајтот со минимално потребните колачиња за непречено и нормално функционирање на веб сајтот.