https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Дознајте повеќе за нашата компанија

Image

ПАКСОН ДООHOME COMFORT EXPERT ПАРТНЕР НА DAIKIN ЗА МАКЕДОНИЈА. Инженеринг фирма специјализирана за проектирање и изведба на системи за греење, ладење и вентилација како и редовно одржување и сервисирање на HVAC - системи ( греење, вентилација, климатизација). ПАКСОН е партнер за Македонија на водечкиот светски бренд - јапонскиот производител на HVAC опрема, DAIKIN. Не случајно сме ориентирани на програмата на DAIKIN - енергетски високоефикасни и технолошко напредни системи, бренд- кој 92 години е водечки во светот за HVAC системи. Наша цел е – задоволни купувачи со ниска потрошувачка на електрична енергија.

Проектирање

Изведба

Одржување

Мисија

Квалитет во се што работиме. Преку партнерството со DAIKIN, одржување на програма за обуки, тимска работа, персонализирана услуга, иновативни-енергетски ефикасни технологии, дa обезбедиме – професионални решенија за нашите клиенти. 

Постојано се стремиме за намалување на трошоците за инсталација и услуги на нашите клиенти преку поефикасна изградба, соодветно одржување и иновативни и креативни решенија.

Визија

Да бидеме водечка компанија за HVAC системи на територија на Р. Македонија преку експертиза и економични решенија.

Силнo техничкo знаење на сите нивоа во нашата компанија.
Тимска работа меѓу нашите клиенти и вработени.
Ажурирање со нови технологии, за ниска потрошувачка на енергија.
Oвластен партнер на Даикин во Македонија

Видете мал дел од нашите награди, сертификати, пофалби,...

Ви нудиме широка палета на иновативни енергетски-ефикасни производи за резиденцијални, комерцијални и индустриски објекти.
Асортиманот на производи вклучува:

  • VRV системи
  • Високо ефикасни водено ладени топлински пумпи (геотермални топлински пумпи)
  • Инвертерски воздушно ладени топлински пумпи
  • Вентилоконвектори во сите изведби
  • Клима комори
  • Daikin Alterma инвертерски топлински пумпи
  • Сплит и мулти сплит системи инвертер технологија
  • Прочистувачи на воздух

 

Вработуваме искусни машински и електро инженери како и висококвалификуван технички кадар за сервисирање и одржување на најсофистицирана опрема за климатизација, обучени и сертифицирани од Daikin и редовно присутни на обуките кои Daikin ги организира за различни типови на опрема.

 

Располага со сопствен тим за инсталирање на термотехнички инсталации, а по потреба дополнително ангажира и надворешни партнерски фирми. 

 

Паксон поседува лиценци Б за проектирање и изведба на објекти од втора категорија.

Инженерскиот тим на Паксон поседува лиценци А и Б за проектирање, изведба и надзор од областа на машинство.

 

Ефикасноста и сигурноста се клуч кога станува збор за избор на решение за греење и ладење. Сите HVAC системи нашиот тим може да ги прилагоди на уникатните потреби за Вашиот дом или деловен простор.

Паксон на Twitter

PAKSON © 2024. All Rights Reserved.
We use cookies
Нашиот веб сајт со цел да ви овозможи подобро корисничко искуство користи колачиња (cookies) со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликање на копчето 'Прифати', вие овозможувате користење на сите колачиња. Колачињата кои ги користи ПАКСОН не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Доколку го одбиете користењето на колачиња, ќе продолжите да го користите сајтот со минимално потребните колачиња за непречено и нормално функционирање на веб сајтот.