Дознајте повеќе за нашата компанија

ПАКСОН ДОО - HOME COMFORT EXPERT ПАРТНЕР НА DAIKIN ЗА МАКЕДОНИЈА. Инженеринг фирма специјализирана за проектирање и изведба на системи за греење, ладење и вентилација како и редовно одржување и сервисирање на HVAC - системи ( греење, вентилација, климатизација). ПАКСОН е партнер за Македонија на водечкиот светски бренд - јапонскиот производител на HVAC опрема, DAIKIN. Не случајно сме ориентирани на програмата на DAIKIN - енергетски високоефикасни и технолошко напредни системи, бренд- кој 92 години е водечки во светот за HVAC системи. Наша цел е – задоволни купувачи со ниска потрошувачка на електрична енергија.
Проектирање
Изведба
Одржување
Мисија
Постојано се стремиме за намалување на трошоците за инсталација и услуги на нашите клиенти преку поефикасна изградба, соодветно одржување и иновативни и креативни решенија.
Визија
Да бидеме водечка компанија за HVAC системи на територија на Р. Македонија преку експертиза и економични решенија.
Силнo техничкo знаење на сите нивоа во нашата компанија.
Тимска работа меѓу нашите клиенти и вработени.
Ажурирање со нови технологии, за ниска потрошувачка на енергија.
Oвластен партнер на Даикин во Македонија
Ви нудиме широка палета на иновативни енергетски-ефикасни производи за резиденцијални, комерцијални и индустриски објекти.
Асортиманот на производи вклучува:
- VRV системи
- Високо ефикасни водено ладени топлински пумпи (геотермални топлински пумпи)
- Инвертерски воздушно ладени топлински пумпи
- Вентилоконвектори во сите изведби
- Клима комори
- Daikin Alterma инвертерски топлински пумпи
- Сплит и мулти сплит системи инвертер технологија
- Прочистувачи на воздух
Вработуваме искусни машински и електро инженери како и висококвалификуван технички кадар за сервисирање и одржување на најсофистицирана опрема за климатизација, обучени и сертифицирани од Daikin и редовно присутни на обуките кои Daikin ги организира за различни типови на опрема.
Располага со сопствен тим за инсталирање на термотехнички инсталации, а по потреба дополнително ангажира и надворешни партнерски фирми.
Паксон поседува лиценци Б за проектирање и изведба на објекти од втора категорија.
Инженерскиот тим на Паксон поседува лиценци А и Б за проектирање, изведба и надзор од областа на машинство.
Ефикасноста и сигурноста се клуч кога станува збор за избор на решение за греење и ладење. Сите HVAC системи нашиот тим може да ги прилагоди на уникатните потреби за Вашиот дом или деловен простор.