https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

DAIKIN ALTHERMA - Колку ќе чини инвестиција во централен систем за греење, ладење и санитарна топла вода?

DAIKIN ALTHERMA - ВИСОКО ЕНЕРГЕТСКИ КОМФОРЕН СИСТЕМ ВО КУЌА ВО СКОПЈЕ

Објект: Резиденцијална куќа во Скопје
Потреби на објект: ГРЕЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ, САНИТАРНА ТОПЛА ВОДА
Површина на објект:
210 m2
Решение:
Tоплинска пумпа Daikin Altherma 14kW со вграден бојлер од 260l
Грејни-ладилни тела:
подно греење / вентилоконвектори
 Изолација на објект:
10cm стиропор
Тип на столарија:
ПВЦ 


1. РЕШЕНИЕ - ИЗБОР НА ТОПЛИНСКА ПУМПА

За овој резиденцијален објект со површина од 210 m2 и солидна изолација од 10cm стиропор, нашиот инженерски тим предвиде нискотемпературна топлинска пумпа, Daikin Altherma 14 kW, со интегриран бојлер за санитарна топла вода од 260l.
Топлинската пумпа е од тип сплит систем, т.е има внатрешна и надворешна единица. Внатрешната единица има вграден backup електричен греач од 9kw. Инвертер топлинската пумпа на Daikin, модел EHVX16S26CB9W / ERLQ14CV3, е со инсталиран номинален капацитет на греење од 14.5 kW, и номинален капацитет на ладење од 12.55 kW. Овој модел се одликува со коефициент на полезно дејство COP (коефициент на испорачана топлинска енергија спрема потрошената електрична енергија) од 4.3 kW, што овозможува високо енергетски ефикасен дом, како и можност за аплицирање на GEFF програма и добивање на ГРАНТ од 15 до 20%. 

 

Нискотемпературните (до 55°C температура на вода) топлотни пумпи воздух-вода на Daikin се оптимално решение за нови домови или деловни објекти. Дизајнирани во Европа, за Европа, нашите топлотни пумпи воздух-вода се погодни за сите европски клими низ целата година бидејки работат и на -25°C надворешна температура.

 

 


ИНСТАЛАЦИЈА НА ГРЕЈНИ / ЛАДИЛНИ ТЕЛА

По препорака на нашиот тим, клиентот се одлучи за комбинација на подно греење и вентилоконвектори – оваа комбинација троши помалку енергија за да го загрее домот (потребна температура на излезна вода е 30°C, споредбено со радијатори, каде потребата е 50°C температура на вода и системот е помалку енергетски ефикасен).

Подно греење поставивме во дневниот престој, тоалетите и во кујната со трпезаријата. Системот се надополни со парапетни вентилоконвектори (комплет со маска, ногарки и вграден термостат, модел: FWV-DTN со соодветен капацитет), за грееење и ладење во дневниот престој, трпезаријата и во 4 – те спални простории.

 


 ВРЕДНОСТ НА ИНВЕСТИЦИЈА

За овој резиденцијален објект со површина од 210 m2, вкупната инвестиција (инсталација и монтажа на: топлинска пумпа со вграден бојлер, подно греење и парапетни внтилоконвектори) изнесува: 14.800€ со ДДВ.

Инвестицијата во централен систем за греење, ладење и санитарна топла вода, за слични објекти со површина 200-240 m2, и добра изолација, ориентационо изнесува: 14.500 € - 16.500 €, во зависност од бројот и големината на простории, распоред, површина на прозори, изолација, површина покриена со подно, тип на вентилоконвектори (фенкојлери) и слично.


 Приказ на годишни трошоци за греење 

  

 

Приказ на месечни трошоци (и за греење и за ладење)

ЗАКЛУЧОК

Симулацијата направена за просечна потрошувачка на електрична енергија на годишно ниво покажува износ од 36.933 денари за греење, и 7.086 денари за ладење, или вкупно 44.019 денари за овој објект.
Износот од 36.933 денари за греење со топлинска пумпа Daikin Altherma, во однос на греење со електричен котел (111.732 денари) или греење со котел на пелети (износ од 87.059 денари), е доказ за големата заштеда на Daikin Altherma топлинската пумпа преку целата година.

 

За дополнителни информации, Ви стоиме на располагање - ПАКСОН-Daikin Home Comfort Expert Partner за Македонија

PAKSON © 2024. All Rights Reserved.
We use cookies
Нашиот веб сајт со цел да ви овозможи подобро корисничко искуство користи колачиња (cookies) со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликање на копчето 'Прифати', вие овозможувате користење на сите колачиња. Колачињата кои ги користи ПАКСОН не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Доколку го одбиете користењето на колачиња, ќе продолжите да го користите сајтот со минимално потребните колачиња за непречено и нормално функционирање на веб сајтот.