https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

РАДИЈАТОРИ ИЛИ ПОДНО ГРЕЕЊЕ ЗА ВАШАТА DAIKIN ТОПЛИНСКА ПУМПА

Направете го вистинскиот избор на грејни тела за вашата Daikin Altherma топлинската пумпа.

ШТО СЕ ТОПЛИНСКИ ПУМПИ?

Daikin Altherma е иновативен систем кој ги загрева, произведува домашна топла вода, па дури и може да ги лади просторите. Се поврзува со подно греење, радијатори или вентилоконвектори – фенкојлери. Со помош на мала количина енергија, топлинските пумпи пренесуваат топлина од амбиенталниот воздух во вашиот дом, што ги прави до 5 пати поефикасни од традиционалните ситеми за греење кои работат на фосилни горива или на струја.

Со ова не само што се грижите за околината, туку правите инвестиција која долгорочно ќе ви се исплати.

При избор на топлинска пумпа треба убаво да размислите и да се одлучите какви грејни тела сакате да поврзете на истата. За да ви олесниме во вашиот избор, подолу наведовме некои од најважните работи што треба да ги земете предвид пред да се одлучите за вашиот нов систем за греење.


ЕКОНОМИЧНОСТ

Подното греење користи 20-30% помалку енергија од радијаторите за да загрее просторија со иста големина. Ова значи дека инвестицијата во подно греење е поекономична од инвестицијата во радијаторско греење.


 КОМФОР

Топлиот воздух што го произведуваат радијаторите се движи нагоре, додека пак, ладниот се симнува надоле. Ова создава делови од просторијата што се поладни (подот) и делови кои се потопли (околу радијаторите), со што се намалува чувтството на комфор во просторијата.
Додека пак подното рамномерно ја загрева целата просторија, вашите стапала ќе бидат секогаш топли и во просторијата ќе има чувтство на комфор.


ПРОСТОР 

Подното е систем кој се вградува во кошулица (под плочки или паркет), ова го прави одличен избор за оние кои не сакаат грејните тела да им бидат видливи или да зафаќаат простор.
Радијаторите пак од друга страна, зафаќаат дополнителен простор од вашата соба, што значи дека треба да размислите каде ќе го поставите мебелот.


РЕНОВИРАЊЕ ИЛИ НОВ СИСТЕМ

Важно е да знаете дека доколку се одлучите за систем со подно греење најубаво е инвестицијата да ја направите додека објектот е во изградба, бидејќи подоцна инсталацијата е потешка за изведба.
Доколку пак процесот на поставување на радијатори е многу полесен и може да се изведе на неколку начини, пред и по изградбата на објектот - но тука ќе се гледаат цевки, фитинзи и сл.


ТЕМПЕРАТУРА НА ВОДА

Радијаторите користат високи температури на вода за да го загреат просторот (50°C - 60°C), за разлика од подното греење кое бара температура на вода од само 35°C. Ова го прави подното греење поефикасен систем за греење на вашиот резиденцијален или деловен објект.


КОМБИНАЦИЈА

Доколку не можете да се одлучите помеѓу подно греење или радијатори, или не сте спремни да го реновирате целиот дом, можете да направите комбинација од двете.

Поставете го подното греење во вашата кујна или купатило за да уживате во комфорот на топол под, а остатокот од домот загрејте го со радијатори.


 

 

PAKSON © 2024. All Rights Reserved.
We use cookies
Нашиот веб сајт со цел да ви овозможи подобро корисничко искуство користи колачиња (cookies) со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликање на копчето 'Прифати', вие овозможувате користење на сите колачиња. Колачињата кои ги користи ПАКСОН не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Доколку го одбиете користењето на колачиња, ќе продолжите да го користите сајтот со минимално потребните колачиња за непречено и нормално функционирање на веб сајтот.