https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

Ефикасно греење со Daikin Altherma топлинска пумпа, преглед на потрошувачка на енергија

ЗАМЕНА НА ЕЛЕКТРИЧЕН КОТЕЛ СО DAIKIN ALTHERMA 3 HT H ТОПЛИНСКА ПУМПА

1. ПОДАТОЦИ ЗА ОБЈЕКТОТ

Намена: Резиденцијална куќа

Локација: Скопје

Површина на објектот: 260м2 на три ката

Потреба на објектот: Греење

Постоечки систем за греење: Котел на електрична енергија со капацитет од 24kW, со алуминиумски радијатори како внатрешни грејни тела

Состојба на изолација: 5cm стиропор, PVC прозрци..

 


ПОСТОЕЧКИ СИСТЕМ ЗА ГРЕЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ

Објектот долго време се грее со помош на котел на електрична енергија со капацитет од 24kW. Од котелот на електрична енергија преку инсталации од црна цевка за централно греење се дистрибуира топла вода кон грејните тела – алуминиумски радијатори на секој кат. Системот ги задоволуваше потребите за топлина, меѓутоа поплака на инвеститорот беа високите сметки за електрична енергија, што за него претставуваа огромен проблем поради големите поскапувања на цените на електрична енергија. Барањето на инвеститорот беше да се постави топлинска пумпа за цел да се намалат трошоците за електрична енергија, а воедно да се зголеми функционалноста.


ПОТРЕБИ ЗА ГРЕЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ

Согласно претходно констатирана состојба на објектот од страна на нашите инженери, направивме пресметки за топлински загуби на објектот. За таа намена беа користени соодветни коефициенти за надворешни ѕидови (0.55 W/m2K), прозори (1.70 W/m2K), под (2.30 W/m2K) и таван (1.00 W/m2K). Пресметките беа направени под услови на надворешна температура од -15˚С, внатрешна температура од 22˚С и температура на земја од 5˚С. По направените брзи пресметки, добивме дека вкупните топлински загуби на објектот изнесуваат 16.5kW, според што е направен избор за топлинска пумпа.


ИЗБОР НА ТОПЛОТНА ПУМПА

Согласно направени термички пресметки за загуби на топлина на објектот за оваа резиденцијална куќа со вкупна квадратура до 260м2, со средна состојба на изолација и постоечки централен систем со радијаторско греење, бафер резервоар со капацитет од 200 литри, понудивме поставување на високотемпературна топлинска пумпа DAIKIN Altherma 3 H HT со номинален капацитет од 18kW. Изборот за високотемпературна топлинска пумпа е направен поради нејзините одлични перформанси при работа на повисоки температури. Во овој случај ни одговараше бидејќи цевната инсталација беше димензионирана за проток со поголема температурна разлика ΔT, што во принцип е карактеристично за постарите инсталации за радијаторски грејни тела што претходно биле поврзани со котел на струја, нафта или пелети.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА DAIKIN ALTHERMA 3 H HT ТОПЛИНСКАТА ПУМПА

Надворешната единица на Daikin Altherma извлекува дури до 75% од енергијата на надворешниот воздух за да овозможи греење во објектот, додека остатокот се обезбедува од електрична енергија. Воздушно-водената топлинска пумпа се базира на компресорска технологија, при што ладилно сретство ја транспортира енергијата од надворешниот воздухот на водата што циркулира во затворениот систем и ја загрева водата според барањата на корисникот, а потоа ја транспортира низ инсталациите.

Високотемпературната топлинска пумпа Daikin Altherma 3 H HT се одликува со максимална работна температура на вода до 70˚С, работа на единицата при екстремно ниски надворешни температури до -28˚С, ниско ниво на бучава и одлични перформанси на капацитети кога работи со повисока температура на вода.

 


ИНВЕСТИЦИСКИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕНАМЕНА НА СИСТЕМОТ

Вкупните инвестициски трошоци за поставување на топлинската пумпа во референтниот објект и поврзување на топлинската пумпа со веќе постоечките инсталации чинеше ~10,000 евра со вклучено ДДВ.

ПОВРАТОК НА ИНВЕСТИЦИЈАТА

Согласно сегашните цени за електрична енергија, направена е симулација за пресметка на трошоците за електрична енергија, како и споредба со претходните трошоци на домаќинството за греење.

Согласно информациите добиени од графиците погоре, вкупната инвестиција за поставување на топлинска пумпа во ова домаќинство ќе се врати во период од пет години, или после пет грејни сезони.

Инвестирајте во енергетски ефикасни технологии - за поголема економичност. И покрај повисоките почетни трошоци, инвестицијата во енергетски ефикасна топлинска пумпа ќе се исплати сама по себе, ќе користите помалку енергија од претходно и ќе ги намалите трошоците за одржување.

PAKSON © 2024. All Rights Reserved.
We use cookies
Нашиот веб сајт со цел да ви овозможи подобро корисничко искуство користи колачиња (cookies) со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликање на копчето 'Прифати', вие овозможувате користење на сите колачиња. Колачињата кои ги користи ПАКСОН не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Доколку го одбиете користењето на колачиња, ќе продолжите да го користите сајтот со минимално потребните колачиња за непречено и нормално функционирање на веб сајтот.