Добредојдовте!

Ние сме ПАКСОН, DAIKIN HOME COMFORT EXPERT ПАРТНЕР ЗА МАКЕДОНИЈА.

Инженеринг фирма специјализирана за проектирање и изведба на HVAC системи за греење, ладење и вентилација како и редовно одржување и сервисирање.

ПАКСОН е партнер за Македонија на водечкиот светски бренд - јапонскиот производител на HVAC опрема, ДАИКИН.

Погледнете ја целата наша понуда на производите од Даикин

Топлотна пумпа

DAIKIN Altherma

Како лидер на пазарот, Daikin секогаш се обидува да ги направи најсигурните и најефикасните топлински пумпи.
Со употреба на 75% обновлива енергија, топлотните пумпи на Daikin значително ја зголемуваат заштедата на енергија и ја намалуваат емисијата на јаглеродни гасови.

Дизајнирано специјално за климата што ја доживуваме во Европа, верувајте дека решението за греење на Daikin ќе работи и на температури до -28°C.

HOME COMFORT EXPERT ПАРТНЕР на Даикин во Македонија

Од мали домови до големи канцелариски простории

Без разлика дали поседувате дом или продавница или сте управник на хотел, решенијата за греење и ладење на Daikin ќе ги задоволат вашите потреби. Изберете го типот на објект за да го започнете проектот со нас.

Реализирани Проекти - ( Паксон & Daikin референтна листа)

Daikin лидер во светот за климатизација и греење!
„АУТОМОБИЛЕ ГРУП“
Фирмата ПАКСОН ДОО е фирмата која ние ја избравме за изведба на системот за греење, ладење и вентилација во нашиот нов салон за возила од програмата на LAND ROVER и JAGUAR.
„НЕГОРСКИ БАЊИ АД“
Ние ги избравме Паксон за набавка и монтажа на вентилоконвектори, машинска сала и топлински пумпи, производство на санитарна топла вода, вентилација на тоалети и регистри за тоалети во објектот во сопственот на Здравствена установа Природно Лекувалиште НЕГОРКИ БАЊИ А.Д с. Негорци.
„СТРАБАГ АГ Скопје“
Со ова сакаме да ја препорачаме фирмата за изведба на системи за климатизација ПАКСОН ДОО од Скопје, со седиште на ул. Загребска бр. 28б, лок 17 во Скопје, на идни инвеститори при избор на изведувач на инсталации за греење, ладење и климатизација.
„АВИЦЕНА ДОО Скопје“
По завршување на објектот и успешно пуштање во работа на системот за греење и ладење, ја ангажиравме фирмата ПАКСОН за редовно одржување на исталираната опрема. Заради нивниот професионален однос кон работата и стручноста која ја поседуваат, ги препорачуваме на идни инвеститори за изведба на системи за греење, ладење и вентилација со примена на VRV, VRF и други системи.
„ДЕТОИЛ ДОО Скопје“
Со ова би сакале да ги препорачаме ПАКСОН ДОО, при изведба на системот за греење, ладење и вентилација со DAIKIN VRV III систем на објектот – Бензинска станица со маркет и ресторан на ДЕТОИЛ ДОО на ул. Перо Наков во Скопје, како дел од екипата на нашиот изведувач за термотехнички инсталации. Заради нивниот професионален однос кон работата и стручноста која ја поседуваат, ги препорачуваме на идни инвеститори.
„ТИНЕКС - Дистрибутивен Центар“
Брзи, ефикасни, навремени. Паксон ни помогнаа со инсталирање на ефикасна вентилација и климатизација во нашиот магацински простор од преку 1000м2. Топло препорачуваме!
Previous
Next