Дознајте повеќе за нашата компанија

Кои сме ние?

Паксон е компанија која повеќе од 10 години работи во индустријата за греење, ладење, вентилација и климатизација (HVAC) на секаков тип објекти, за домашна и комерцијална потреба. Ви требаат решенија за вашиот деловен објект или дом? Јавете ни се, или дојдете во нашиот продажен салон во Скопје.

ГОДИНИ ИСКУСТВО
0 +
ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
0 %

Овластен партнер на Даикин во Македонија

Профил на Компанијата

ПАКСОН е инженеринг фирма специјализирана за проектирање и изведба на системи за греење, ладење и вентилација како и редовно одржување и сервисирање на HVAC – системи (греење, вентилација, климатизација).

Паксон е формирана во 2011, од страна на тим на искусни и професионални  инженери со долгогодишнo искуство во областа на прозиводство,  проектирање и изведба на енeргетски ефикасни решенија за резиденциjални, комерцијални и  индустриски објекти, уште од 1990  год.

Од самото наше основање во 2011 година,  посветени сме на постојан развој и усовршување на нашиот тим и услугите кои ги нудиме, со цел да станеме водечки изведувач на ефикасни енергетски решенија за резиденцијални, деловни и индустриски објекти.

ПАКСОН е овластен ПРЕМИУМ партнер за Македонија на водечкиот светски бренд – јапонскиот производител на HVAC опрема, DAIKIN.  Не случајно сме ориентирани на програмата на DAIKIN – енергетски високоефикасни и технолошко напредни системи, бренд- кој веќе 100 години е иновативен лидер во светот за HVAC системи. Од 2019 година, PAKSON е горд добитник на престижното признание HOME COMFORT EXPERT, доделено од DAIKIN што е доказ за сериозноста на нашето партнерство  и огромното искуство со DAIKIN производите.

Со модерен пристап до долгорочни HVAC решенија

Најдобри во индустријата

Паксон е пионир во HVAC индустријата во Македонија.

Следиме најнови трендови

Ние ги следиме најновите трендови во HVAC индустријата, и ги носиме во Македонија.

Фокус на сите клиенти

Задоволството на нашите клиенти е нашиот најважен приоритет.

Интегритет

Секогаш сме професионални, искрени, фер и со голема почит кон нашата работа и клиенти.

Области на експертиза Професионални услуги

PAKSON нуди широка палета на иновативни енергетски-ефикасни производи за резиденцијални, деловни и индустриски објекти.

Услуги кои ги нудиме:

Нашиот Daikin – сертифициран и обучен технички тим е подготвен во секое време да се справи со било кој предизвик. Фокусирани сме на разбирање на Вашите бизнис потреби и поставување на сеопфатни стратегии кои ќе ги задоволат сите Ваши барања.

Сертификати, награди и признанија

Ефикасноста и сигурноста се клуч кога станува збор за избор на решение за греење и ладење. Нашиот тим може да ги прилагоди сите HVAC системи според уникатните потреби за Вашиот дом или деловен простор.

» PAKSON поседува лиценци Б за проектирање и изведба на објекти од втора категорија.

» Инженерскиот тим на PAKSON поседува лиценци А и Б за проектирање, изведба и надзор од областа на машинство.

Мисија

Наша мисија е да обезбедиме највисок квалитет на инженерски услуги и иновативни производи за персонализирани решенија за ладење, греење и вентилација што ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти.

Визија

Да останеме лидер во HVAC индустријата и да продолжиме со формирање на трајни односи со нашите клиенти бидејќи нашето искуство докажа дека работењето заедно со клиентите како партнери, навистина создава повеќе од само деловна можност; создава долгорочен професионален однос.

Основни вредности

За DAIKIN

DAIKIN е јапонски бренд кој повеќе од 90 години цели кон постојан раст и одржливо општество, наша цел е да ги осигураме нашите купувачи дека можат да сметаат на DAIKIN кога се работи за беспрекорна удобност. Се посветуваме на технолошка совршеност и се фокусираме на дизајн со највисок квалитет и голема ефикасност низ целата година.

Ниската потрошувачка на енергија значи дека нашите клиенти ќе имаат помали сметки за струја.

Користиме иновативни и водечки технологии за да го подобриме животот на нашите купувачи.

Дел од нашите клиенти: