Политика за приватност
Со оваа Политика на приватност ве информираме дека Паксон Доо ги користи вашите лични податоци што ги оставате при посета на веб- страницата www.pakson.mk
При собирањето на овие информации, дејствуваме како контролор во согласност со Законот за заштита на лични податоци и должни сме да ве информираме дека за обработката на истите ги превземаме сите неопходни технички и организациски мерки за нивна заштита.
Цели за обработка на личните податоци
Вашите лични податоци кои ги прибираме за време на вашата посета на нашата веб-страница се податоци кои вие доброволно ги оставате и тие се обработуваат за следните цели:
- за да овозможиме најдобро искуство за корисникот при посетата на нашата веб-страница;
- за анализирање на посетите на нашата веб-страница, за идентификување на корисниците, како и за одржување на информациската сигурност на нашата веб-страница;
- остварување контакт со нас во врска со производите и услугите кои ги нудиме согласно делокругот на нашето работење.
Начин на собирање лични податоци
Нашата веб – страница користи колачиња (Cookies) за да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на веб-страницата при вашата посета. Колачињата содржат информации за вашата посета, како што се страниците што сте ги прегледале, времето што сте го поминале на страницата и сите поставки што сте ги поставиле. Веб-страницата потоа може да ги користи овие информации за да го подобри вашето корисничко искуство.Сите информации кои се меморираат во рамките на колачињата, можат да бидат искористени само за потребите на веб – услугата и тоа на начин на кој вашата сигурност нема да биде загрозена.За повеќе информации во однос на колачињата погледнете во Политика за колачиња.
Податоци што се собираат од вас на нашата веб – страница се:
1. Податоци за навигација
При посетата на нашата веб – страница серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Пребарувачот кој го користите;
- Датумот и времето на посета;
- Страниците што ги посетувате на нашата веб-страница;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, електронска адреса и потпис.
Категориите на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со он-лајн (on-line) услугите достапни преку веб страната на Паксон Доо, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
- во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Паксон Доо ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Паксон Доо и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
- по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Паксон Доо.
Права на субјектот на лични податоци
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор.
За дополнителни информации и/или остварување на вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци на следниов e-mail: oficer_zlp@pakson.net
Право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) Ако сметате дека начинот на кој Паксон Доо ги обработува вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци. Барањето може да се поднесе преку веб страната на АЗЛП или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за „контакт” на нивната веб страна.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.