Решение за деловни и комерцијални објекти

control-center

Превземете контрола врз удобноста и енергетските трошоци на вашиот објект

Со решенијата за деловни и комерцијални објекти на Daikin, значително ќе ги намалите работните трошоци со енергетски ефикасна климатизација.

target (1)

Фокусирајте се на вашиот бизнис

Вашата климатизација е наш приоритет. Со решенијата за климатизација на Daikin, вие и вашите вработени можете да работите удобно. Ви го овозможуваме најефикасното енергетско решение, за да можете да ја насочите енергијата кон вашиот бизнис.

investment

Инвестирајте во енергетска ефикасност

Инвестирањето во решение на Daikin ви заштедува средства на подолг период. Трошоците за греење и ладење изнесуваат најмалку 50% од потрошувачката на енергија, што значи дека ако инсталирате решение за енергетски ефикасна климатизација, трошоците за енергија ќе се намалат значително.

Разните внатрешни единици се дизајнирани да се вклопат беспрекорно во вашиот деловен објект.

Од мали канцеларии до големи облакодери

Без разлика дали проектот е голем или мал, нудиме решенија за греење и ладење што ќе одговараат на вашиот објект. Најдете го она што совршено ќе ви одговара со големината на објектот или потребите.

Мали канцеларии

Деловни објекти со средна големина

Големи деловни објекти и облакодери

Свеж воздух

ОВЛАСТЕН СЕРВИС ЗА ДАИКИН ВО МАКЕДОНИЈА

Паксон располага со тим од врвен и искусен сервисерски тим, спремен да го совлада секој предизвик и да го реши секој Ваш проблем. Доколку имате проблем со Вашиот уред, контактирајте не на 075/399-978 или на маил на servicedaikin@pakson.net.