Дознајте повеќе за нашата компанија
Кои сме ние?
Паксон е компанија која повеќе од 10 години работи во индустријата за греење, ладење, вентилација и климатизација (HVAC) на секаков тип објекти, за домашна и комерцијална потреба. Ви требаат решенија за вашиот деловен објект или дом? Јавете ни се, или дојдете во нашиот продажен салон во Скопје.
Овластен партнер на Даикин во Македонија
Профил на Компанијата
ПАКСОН е инженеринг фирма специјализирана за проектирање и изведба на системи за греење, ладење и вентилација како и редовно одржување и сервисирање на HVAC – системи (греење, вентилација, климатизација).
Паксон е формирана во 2011, од страна на тим на искусни и професионални инженери со долгогодишнo искуство во областа на прозиводство, проектирање и изведба на енeргетски ефикасни решенија за резиденциjални, комерцијални и индустриски објекти, уште од 1990 год.
Од самото наше основање во 2011 година, посветени сме на постојан развој и усовршување на нашиот тим и услугите кои ги нудиме, со цел да станеме водечки изведувач на ефикасни енергетски решенија за резиденцијални, деловни и индустриски објекти.
ПАКСОН е овластен ПРЕМИУМ партнер за Македонија на водечкиот светски бренд – јапонскиот производител на HVAC опрема, DAIKIN. Не случајно сме ориентирани на програмата на DAIKIN – енергетски високоефикасни и технолошко напредни системи, бренд- кој веќе 100 години е иновативен лидер во светот за HVAC системи. Од 2019 година, PAKSON е горд добитник на престижното признание HOME COMFORT EXPERT, доделено од DAIKIN што е доказ за сериозноста на нашето партнерство и огромното искуство со DAIKIN производите.
Со модерен пристап до долгорочни HVAC решенија
Најдобри во индустријата
Следиме најнови трендови
Фокус на сите клиенти
Интегритет
Области на експертиза Професионални услуги
PAKSON нуди широка палета на иновативни енергетски-ефикасни производи за резиденцијални, деловни и индустриски објекти.
- VRV системи
- Високо ефикасни водено ладени топлински пумпи (геотермални топлински пумпи)
- Инвертерски воздушно ладени топлински пумпи
- Вентилоконвектори во сите изведби
- Клима комори
- Daikin Altherma инвертерски топлински пумпи
- Сплит и мулти сплит системи, инвертер технологија
- Прочистувачи на воздух
- Технички консултантски услуги за HVAC системи
- Проектирање на HVAC системи
- Изведба на комплетни системи
- Сервисирање
- Одржување во гарантен и постгарантен рок
- 24/7 техничка подршка
Услуги кои ги нудиме:
Нашиот Daikin – сертифициран и обучен технички тим е подготвен во секое време да се справи со било кој предизвик. Фокусирани сме на разбирање на Вашите бизнис потреби и поставување на сеопфатни стратегии кои ќе ги задоволат сите Ваши барања.
Сертификати, награди и признанија
Ефикасноста и сигурноста се клуч кога станува збор за избор на решение за греење и ладење. Нашиот тим може да ги прилагоди сите HVAC системи според уникатните потреби за Вашиот дом или деловен простор.
» PAKSON поседува лиценци Б за проектирање и изведба на објекти од втора категорија.
» Инженерскиот тим на PAKSON поседува лиценци А и Б за проектирање, изведба и надзор од областа на машинство.
Мисија
Наша мисија е да обезбедиме највисок квалитет на инженерски услуги и иновативни производи за персонализирани решенија за ладење, греење и вентилација што ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти.
Визија
Да останеме лидер во HVAC индустријата и да продолжиме со формирање на трајни односи со нашите клиенти бидејќи нашето искуство докажа дека работењето заедно со клиентите како партнери, навистина создава повеќе од само деловна можност; создава долгорочен професионален однос.
Основни вредности
- Нашите клиенти во фокус
- Интегритет
- Раст и развој
- Тимска работа
- Пријатели на природата
- Континуирано подобрување
- Изведба
За DAIKIN
DAIKIN е јапонски бренд кој повеќе од 90 години цели кон постојан раст и одржливо општество, наша цел е да ги осигураме нашите купувачи дека можат да сметаат на DAIKIN кога се работи за беспрекорна удобност. Се посветуваме на технолошка совршеност и се фокусираме на дизајн со највисок квалитет и голема ефикасност низ целата година.
Ниската потрошувачка на енергија значи дека нашите клиенти ќе имаат помали сметки за струја.
Користиме иновативни и водечки технологии за да го подобриме животот на нашите купувачи.