Правна Забелешка
Секој пристап и употреба на веб-сајтот на Паксон доо е предмет на следните одредби и услови (заедно наречени ‘Правна забелешка’). Ако пристапите и го користите веб-сајтот на Паксон прифаќате верзија на Правната забелешка којашто стапува на сила во времето кога пристапувате. Паксон го задржува правото да ја модифицира Правната забелешка од време на време по сопствена дискреција и без претходно известување. Продолженото користење на овој веб-сајт значи прифаќање на изменетата Правна забелешка. Ваша одговорност е да се информирате за Правната забелешка што е на сила во времето кога пристапувате или го користите овој веб-сајт. Ако ги прекршите одредбите и условите на Правната забелешка, овластувањето да го користите веб-сајтот се прекинува автоматски.
Авторски права
Содржината и изгледот на овој веб-сајт се во сопственост и под лиценца на Паксон и се заштитени со закон за авторско право и други закони за права на интелектуална сопственост. Секоја неовластена употреба на содржината може да ги прекрши таквите закони. Сите права, што не се наведени овде, се заштитени. Се забранува репродукција, пренос, дистрибуција или меморирање на дел или целиот веб-сајт на секаков начин без претходна писмена дозвола од Паксон.
Со исклучок на страниците на кои е напишано ‘печатете ја оваа страница’ може д отпечатите само една копија на содржината само за некомерцијална употреба, под услов секоја копија од овие документи што ќе ја направите ги задржува сите авторски права или сите забелешки за сопственост и секое отфрлање на одговорност што се содржи во нив.
Трговско име / Трговски марки
Сите трговски имиња, трговски марки, логоа и слики што се прикажани на веб-сајтот и што се во сопственост на Паксон сега и во иднина се/ќе бидат сопственост или под лиценца на Паксон или нејзините ќерки фирми. Вашиот пристап до овој вебсајт нема да се толкува како да се одобрува, имплицитно или на друг начин, лиценца или право да ги користите трговските имиња, трговските марки, логоа и слики што се појавуваат на овој веб-сајт без претходна писмена согласност од Паксон.
Употреба на линковите
Овој веб-сајт содржи линкови од веб-сајтови на трети лица врз кои Паксон нема никаква контрола. Паксон не претставува ниеден вебсајт до кој може да пристапите преку овој вебсајт.
Кога пристапувате до веб-сајтови од трети лица преку овој веб-сајт, тоа го правите на Ваш сопствен ризик. Паксон не одговара на точноста, навременоста, достојноста, адекватноста, доследноста или целосноста на секои информации, податоци, мислења, совети, или тврдења направени на овие вебсајтови или за квалитетот на сите производи и услуги достапни на таквите вебсајтови.
Паксон ги овозможува овие линкови само за ваше олеснување и за информативни цели. Опфаќањето на таквите линкови не значи дека Паксон презема или прифаќа некаква одговорност за содржината или употребата на таквите веб-сајтови. Паксон Ве советува прво да ги прочитате одердбите и условите на тие веб-сајтови.
Поставување линкови до веб-сајтот на Паксон
Може да поставувате линк до веб-сајтот на Паксон под услов јасно да е наведено (на линкот) дека посетителите на Вашиот веб-сајт ќе отидат на веб-сајтот на Паксон. Линкот не смее да биде лажен и не смее да резултира со информација дека веб-сајтот на Паксон е дел од друг веб-сајт. На пример, врамување или поставување хотлинк на веб-сајтот на Паксон не е дозволено без претходна писмена дозвола од Паксон.
Не смее да се појавуваат линкови на Вашиот веб-сајт или во контекст што се состои од содржина или материјали што може да се толкуваат како непристојни или криминални или што ги нарушуваат или претставуваат нарушување на правата на било кои трети лица.
Писмена гаранција и отфрлање одговорност за употребата на веб-сајтот
Паксон не гарантира дека пристапот до веб-сајтот и содржината во него ќе бидат непрекинати и без грешка. Овој веб-сајт и неговата содржина се овозможени „такви какви што се“, без да се направи било каква гаранција, изречна или имплицитна, заедно со, но не и само гаранции за правата или нивно непрекршување или имплицитни гаранции за можноста за продажба или погодноста за одредена причина, во врска со достапноста, точноста, безбедноста, достојноста или содржината на веб-сајтот.
Веб-сајтот може да содржи технички или други грешки, неисправности или печатни грешки. Паксон може, без претходно известување, да ги менува содржината, изгледот и услугите на овој веб-сајт, заедно со цените и описот на производите што се наведени овде, во секое време. Содржината на услугите на овој веб-сајт може да е застарена, а Паксон нема обврска да ја ажурира истата.
Ниту Паксон, ниту никој од подизведувачите, што се дел од создавањето, производството или испораката на содржините на овој веб-сајт, нема да сносат одговорност за директни, индиректни, инцидентни, специјални, последични казнени штети, загубен профит или загоби поради прекин на бизнисот, што произлегуваат поради употребата или немањето можност да се употребува овој веб-сајт, дури и ако Паксон е известен за можноста на таквите штети.
Паксон не сноси и нема да прифати одговорност за штети или вируси што ја заразиле Вашата компјутерска опрема или друг имот што произлегле од употребата или пристапот до овој веб-сајт. Некои надлежности не дозволуваат исклучување на некои гаранции или ограничување на одговорност, па затоа горенаведените ограничувања или исклучоци може да не важат за Вас. Одговорноста на Паксон во таков случај ќе се ограничи онолку колку што дозволува законот.
Ако не сте задоволни со некој дел од овој вебсајт, го имате целото право да престанете да го користите истиот.
Електронско поднесување податоци
Со поднесување податоци (во кои спаѓаат пораки, документи и датотеки) до Паксон по пат на електронска пошта или преку формулари што се достапни на вебсајтот, Вие се согласувате дека:
- Материјалот нема да содржи предмет што е незаконски или непријатен за објавување;
- Ќе користите разумни напори да ги скенирате и отстраните сите вируси или други преносливи или штетни програми пред да поднесете било каков материјал.
- Понатаму не треба да изведувате дејства што претставуваат неразумно и огромно оптоварувањена инфраструктурата на овој вебсајт.
Се согласувате да го обесштетите, да го ослободите од одговорност и, по наш избор, да го браните Паксон и неговите службеници, директори, вработени, засегнати страни, агенти и претставници од сите тужби од трети лица, одговорности, оштетувања и или трошоци што настануваат поради Вашата несоодветна употребата на овој вебсајт, Вашето прекршување на Правната забелешка или Вашето нарушување или нарушувањето или употребата, од страна на друг корисник на Вашата сметка, на правата на интелектуална сопственост или други права на било кое лице или ентитет.
Заштита на податоците и колачиња
Сите лични податоци што Паксон ги превзема од Вас кога го користите овој веб-сајт ќе се обработат во согласност со Политиката за приватност на податоци и Известување за колаче. Потврдувате дека при употреба на овој веб-сајт, се согласувате Вашите лични податоци да се користат и обработат во согласност со Политиката за приватност на податоци и со Известување за колаче.
Важечки закони и надлежност
Паксон го работи и контролира овој веб-сајт од локации во Р. Македонија. Како таква, информациите што се содржат во овој веб-сајт се сметаат за доставени во Македонија и подлежат на законите во Македонија, без влијание на никакви принципи на правни конфликти. Колку што дозволува важечкиот закон, подлежите на ексклузивна надлежност на судовите во Скопје.
Разни одредби
Ако некоја одредба од оваа Правна забелешка стане или се прогласи незаконска, неважечка или поради некоја причина, неспроведлива, таквата одредна ќе се смета за одделена од оваа Правна забелешка и нема да влијае на важноста и спроведливоста на останатите одредби. Оваа Правна забелешка е целиот договор помеѓу Вас и Паксон во врска со предметот што е овде наведен.
Овој веб-сајт го работи Паксон доо, компанија базирана во Р. Македонија, со регистрирана канцеларија со адреса на ул. Загребска бр 28, 1000, Скопје, Р. Македонија.