Реализирани Проекти - ( Паксон & Daikin)

Нашата референтна листа е доказ за нашиот професионален пристап до клиентите, и нашиот професионален однос од започнувањето па се до завршувањето на договорените проекти. Погледнете ја нашата референтна листа, таа многу повеќе ќе ви го докаже тоа...

АВИЦЕНА ДИЈАГНОСТИКА – деловен објект

Намалување на трошоците за електрична енергија со имплементирање на VRV систем. Направена е комбинација на различни внатрешни VRV единици: касетни, парапетни, скриeни парапетни единици.

ПЕТ ЦЕНТАР – зграда од јавен карактер

Комбинација на VRV систем (со внатрешни високоѕидни и скриени тавански единици) и Sky Air единици за дополнителен систем за ладење за неколку технички простории во новиот ПЕТ Центар.

ЕЛЕМ – зграда од јавен карактер

Нова модерна деловна зграда целосно климатизирана со DAIKIN. Целата зграда е климатизирана со DAIKIN VRV IV систем, најголем дел со КОМПЛЕТНО-рамни касети внатрешни единици.
Види Повеќе

Реализирани Проекти - ( Паксон & Daikin референтна листа)

Daikin лидер во светот за климатизација и греење!
„АУТОМОБИЛЕ ГРУП“
Фирмата ПАКСОН ДОО е фирмата која ние ја избравме за изведба на системот за греење, ладење и вентилација во нашиот нов салон за возила од програмата на LAND ROVER и JAGUAR.
„НЕГОРСКИ БАЊИ АД“
Ние ги избравме Паксон за набавка и монтажа на вентилоконвектори, машинска сала и топлински пумпи, производство на санитарна топла вода, вентилација на тоалети и регистри за тоалети во објектот во сопственот на Здравствена установа Природно Лекувалиште НЕГОРКИ БАЊИ А.Д с. Негорци.
„СТРАБАГ АГ Скопје“
Со ова сакаме да ја препорачаме фирмата за изведба на системи за климатизација ПАКСОН ДОО од Скопје, со седиште на ул. Загребска бр. 28б, лок 17 во Скопје, на идни инвеститори при избор на изведувач на инсталации за греење, ладење и климатизација.
„АВИЦЕНА ДОО Скопје“
По завршување на објектот и успешно пуштање во работа на системот за греење и ладење, ја ангажиравме фирмата ПАКСОН за редовно одржување на исталираната опрема. Заради нивниот професионален однос кон работата и стручноста која ја поседуваат, ги препорачуваме на идни инвеститори за изведба на системи за греење, ладење и вентилација со примена на VRV, VRF и други системи.
„ДЕТОИЛ ДОО Скопје“
Со ова би сакале да ги препорачаме ПАКСОН ДОО, при изведба на системот за греење, ладење и вентилација со DAIKIN VRV III систем на објектот – Бензинска станица со маркет и ресторан на ДЕТОИЛ ДОО на ул. Перо Наков во Скопје, како дел од екипата на нашиот изведувач за термотехнички инсталации. Заради нивниот професионален однос кон работата и стручноста која ја поседуваат, ги препорачуваме на идни инвеститори.
„ТИНЕКС - Дистрибутивен Центар“
Брзи, ефикасни, навремени. Паксон ни помогнаа со инсталирање на ефикасна вентилација и климатизација во нашиот магацински простор од преку 1000м2. Топло препорачуваме!
Previous
Next

Дел од нашите клиенти: