DAIKIN ВЕНТИЛАЦИЈА СО РЕКУПЕРАЦИЈА НА ТОПЛИНА

ДАЛИ ИМАТЕ ПОТРЕБА ОД СВЕЖ И ЧИСТ ВОЗДУХ СО ВЕНТИЛАЦИЈА?

DAIKIN ВЕНТИЛАЦИЈА СО РЕКУПЕРАЦИЈА НА ТОПЛИНА

ДАЛИ ИМАТЕ ПОТРЕБА ОД СВЕЖ И ЧИСТ ВОЗДУХ СО ВЕНТИЛАЦИЈА?

ВЕНТИЛАЦИЈА НА ВОЗДУХОТ Е ВАЖНА ЗА ВАШИОТ ОБЈЕКТ

Херметичката инфраструктура на модерните објекти гарантира супериорна изолација и енергетска ефикасност, но истовремено тоа значи дека има недостаток на свеж воздух, што може да предизвика акумулирање влага, микроби и алергени. Воздухот во затворените простории станува нечист – застоен, исполнет со мириси, итн. Затоа ние имаме потреба од вентилација поради што  – отвораме прозори. Кога отвораме прозори, изнесуваме загаден, топол/ладен воздух, и внесуваме свеж воздух. Свежиот воздух во просторијата треба повторно да се загрее / излади до пријатна температура, за што е потребна енергија, односно трошење на пари. Така воздухот е пријатно затоплен/изладен, но повторно загаден, при што се нарушува рамнотежата на комфор. За да обезбедиме идеални услови ние трошиме премногу енергија, пари за ладење / греење.

За да се реши овој проблем, Daikin нуди различни решенија за вентилација со рекуперација на топлина за да овозможи свеж и чист воздух на најефикасен начин.

СВЕЖ И ЧИСТ ВНАТРЕШЕН ВОЗДУХ – ВЕНТИЛАЦИЈА СО РЕКУПЕРАЦИЈА

 

За да се создаде совршена внатрешна клима, постојат 5 главни компоненти што треба да се земат во предвид кога се мери квалитетот на внатрешниот воздух и кога се контролира со помош на нашите решенија за вентилација со рекуперација:
• Вентилација: овозможува дотур на свеж воздух
• Енергетска ефикасност – обновување на енергија: враќање на топлината, одржување на влажноста на воздухот (VKM)
• Обработка на воздух: го грее и го лади воздухот што влегува, за да ја зголеми удобноста и да го намали оптоварувањето на климатизацијата
• Навлажнување: ја отпимизира рамнотежата меѓу внатрешната и надворешната влажност (DAIKIN VKM)
• Филтрирање: отстранување на прашина, загадувaчи и мириси од воздухот


DAIKIN ВЕНТИЛАЦИЈА СО РЕКУПЕРАЦИЈА НА ТОПЛИНА

 

Рекуператор (Daikin VAM & VKM) – Овој производ е дизајниран да одржува висококвалитетен воздух во затворените простории, преку обезбедување на дотур на свеж воздух од надвор, одземање – исфрлање на застоениот воздух, и топлинска заштеда на вентилација. Рекуператорот е опремен со филтри, кои вршат прочистување на воздухот, внесен од надвор.

Единиците за вентилација со рекуперација на топлина, може да заштедат и до 80% енергија во споредба со стандардната вентилација. 80 % заштеда на енергија – потребна за задоволување на термичките загуби предизвикани од свежиот воздух кој е внесен во објект.

• Може да се користи самостојно или интегрирано во Daikin Sky Air или VRV систем
• Широк спектар на единици: проток на воздух од 150 до 2000 m3 / h
• Tотално решение за свеж воздух со Daikin VAM / VKM и дополнителни електрични грејачи доколку има потреба
 Заштеда на енергија, бидејки се користи размена на топлина
• “Бесплатно ладење” – кога надворешната температура е пониска од внатрешната (пример во текот на ноќта)
• Подобрете го квалитетот на воздухот во затворен простор со опционалниот CO2 сензор и спречете ги загубите на енергија од преоптоварување на вентилацијата


ВЕНТИЛАЦИЈА ЗА СЕКОЈ ТИП НА ОБЈЕКТ – ФИЛТЕР

Референтен објект хотел UNIQUE RESORT & SPA

Unique Resort & Spa – хотел во Охрид, со 165 соби. Системот за греење и ладење во овој објект е изведен со Daikin VRV и топлински пумпи Daikin Althrma. Вентилацијата – VAM (FC) единиците се интегрирани со VRV системите. Со VAM единиците се врши филтрирање на воздухот во ресторанот, конференциската сала и фитнес центарот.


ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШИОТ ПРОЕКТ СО НАС?

Идеално решение за деловни објекти, продавници, ресторани или канцеларии. Нашите Daikin опции за вентилација ќе ви помогнат да создадете свежа, здрава и пријатна средина.

Share on: