VRV СИСТЕМИ

VRV СИСТЕМИ

УНИКАТНА КОМБИНАЦИЈА НА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ТЕХНОЛОГИИ 

VRV – целосно решение за климатизација за големи и мали објекти

Вообичаено, многу комерцијални објекти денес зависат од неколку одделни системи за греење, ладење, греење со воздушни завеси, вентилација и топла вода. Како резултат на тоа, се троши многу енергија. За да се овозможи подобра енергетска ефикасност, Daikin ја пронајде VRV (Variable Refrigerant Volume ) технологијата.

VRV – еден систем за минимизирање на трошоците при работа, максимална флексибилност, брза инсталација, врвна доверливост, совршена удобност!

  • Греење и ладење за удобност низ целата година
  • Топла вода за ефикасно производство на санитарна топла вода
  • Подно греење/ладење за ефикасно греење/ ладење на просторот
  • Вентилација за атмосфера со висок квалитет
  • Воздушни завеси за оптимално разделување на воздухот
  • Контроли за максимална работна ефикасност

 

Еден систем, повеќе примени за хотели, канцеларии, малопродажни места, домови…

 

Кој надворешен систем VRV Ви нуди најдобро решение?

 

Враќање на топлина или топлотна пумпа?

  • VRV враќање на топлина – истовремено греење и ладење од еден систем, „Бесплатно“ греење и производство на топла вода од пренесување топлина од просториите што бараат ладење. Максимална удобност во сите области. Техничко ладење до -20°C
  • VRV топлинска пумпа – За греење или за ладење од еден систем

 

Воздушно ладење или водено ладење?

  • Воздушно ладење – брзо и лесно за инсталирање, без потреба на дополнителни делови, мали трошоци за одржување. Оперативен опсег од – 25°C~52°C. Може да се инсталира и надвор и внатре. Капацитет до 54HP за еден систем
  • Водено ладење – Погодно за многукатници и големи објекти, благодарение на скоро неограничените можности на водната инсталација. Нема влијание од надворешна температура/ климатски услови. Намалено испуштање CO2 благодарение на употребата на геотермалната енергија како обновлив извор. Овозможува враќање на топлината во целиот објект благодарение на складирањето енергија во водените канали.

 

Најразлични стилски внатрешни единици:

  • Тавански касетни единици: Касетна единица за дување во сите насоки со кружен проток на воздуx 360°C, касетна единица за дување во 4 насоки, касетна единица за дување во две насоки
  • Скриени тавански единици: Таванска единица со среден ESP, таванска единица со висок ESP
  • Плафонски единици
  • Единици со високоѕидна монтажа
  • Парапетни единици

 

Опсег на вентилација

  • Вентилација: овозможува доставување свеж воздух
  • Враќање топлина: враќа топлина и влага од воздухот што излегува за да ја зголеми удобноста и ефикасноста
  • Обработка на воздух: го грее и го лади воздухот што влегува, со што ја зголемува удобноста и го намалува оптоварувањето на климатизацијата
  • Развлажување: ја отпимизира рамнотежата меѓу внатрешната и надворешната влажност
  • Филтрирање: отстранува прашина, загадување и непријатни мириси од воздухот

 

Потпрете се на нашите сертифицирани технички лица

Кога станува збор за HVAC системите, потпрете се на инженери и техничари кои се во оваа дејност многу години и кои со почит ќе се однесуваат кон Вас и Вашиот имот.

Со тимот на Паксон (Daikin Home Comfort Expert за Македонија), можете да имате извонредна експертиза со Daikin VRV системите.

Share on: