ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ DAIKIN ALTHERMA ТОПЛОТНА ПУМПА ВОЗДУХ-ВОДА?

Супериорни перформанси, иновативен дизајн и акустична удобност.

ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ DAIKIN ALTHERMA ТОПЛОТНА ПУМПА ВОЗДУХ-ВОДА?

Супериорни перформанси, иновативен дизајн и акустична удобност.

Без разлика дали реновирате или имате нов објект за градење, за Вашата куќа или стан – секогаш ќе најдете соодветна топлинска пумпа од Daikin.
Daikin Altherma е иновативен систем кој ги загрева, произведува домашна топла вода, па дури и може да ги лади просторите. Се поврзува со подно греење, радијатори, вентилоконвектори – фенкојлери.

 

 


КОЈА ТОПЛИНСКА ПУМПА Е ПРАВИЛНИОТ ИЗБОР ЗА ВАШИОТ ОБЈЕКТ?

1. НИСКОТЕМПЕРАТУРНА ТОПЛИНСКА ПУМПА 

( ДО 55°C ТЕМПЕРАТУРА НА ВОДА )

Најпродаваната топлинска пумпа во опсегот на Daikin. Благодарение на примената на ниска температура, идеално се вклопуваат во новоизградените куќи со ниски побарувања за енергија. Ефективно работење – најдобра енергетска ефикасност со примена на подно греење и вентилоконвентори.

– Опсегот на работа се движи до -25°C.
– Поврзувањето е со фреон R410-A.
– Капацитети: 11kw / 14kw / 16kw


2. СРЕДНОТЕМПЕРАТУРНА ТОПЛИНСКА ПУМПА
( ДО 65°C ТЕМПЕРАТУРА НА ВОДА )

 

Bluevolution технологија комбинирана со висока енергетска ефикасност на компресорот, развиена од Daikin. Сезонска ефикасност кај овие топлински пумпи достигнува А+++. Енергетската ефикасност COP достигнува до 5,1 (на 7 ° C / 35 ° C), додека ефикасност на санитарна топла вода COP до 3,3 (EN16147). Најдобра енергетска ефикасност со примена на подно греење, вентилоконвентори, понови радијатори.

– Опсегот на работа се движи до -28°C (за EPGA-DV)
– Поврзувањето е со еколошки фреон R32
– Капацитети за ERGA-DV серија: 4kW / 6kW / 8kW
– Капацитети за EPGA-DV серија: 11kW / 14kW / 16kW 


 3.ВИСОКОТЕМПЕРАТУРНА ТОПЛИНСКА ПУМПА 

( ДО 80°C ТЕМПЕРАТУРА НА ВОДА )

Новата (2020 година), Daikin Altherma високо-температурна топлинска пумпа е оптимално решение за проекти за реновирање кои бараат температурa на вода од 60°С и повисока. Во споредба со традиционалните системи за греење ефикасноста е многу повисока и можете значително да заштедите на трошоците за работа. Испорачува температура на водата од 70°C, слична на вашиот котел и без употреба на дополнителен електричен резервен греач, не треба да ги менувате вашите постоечки радијатори.

– Опсегот на работа се движи до -28°C
– Поврзувањето е со новиот еколошки фреон R32
– Капацитети: 14kW / 16kW / 18kW

 


 ОПТИМИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ СИСТЕМ ЗА ГРЕЕЊЕ / ЛАДЕЊЕ СО ИЗБОР НА ВИСТИНСКИТЕ ПЕРИФЕРНИ УРЕДИ

Уживајте во предноста на новите Daikin Altherma HPC (конвектори – фенкојлери). Греење и ладење во еден производ. За разлика од радијаторите, конвекторите работат на ниска температура на вода (30°C) и можат побрзо да обезбедат греење или ладење благодарение на вентилаторот внатре. Добијте иста удобност како традиционалните радијатори, но со заштеда на енергија.

 


ДОБИЈТЕ РЕШЕНИЕ – ПОНУДА ЗА ДАИКИН АЛТЕРМА ТОПЛИНСКА ПУМПА  ЗА ВАШИОТ ОБЈЕКТ 

КОЛКУ ЧИНИ ИНВЕСТИЦИЈАТА – ПРИМЕР ЗА 200 М2

За да добиете понуда решение со Daikin Altherma топлинска пумпа, ве замолуваме во описот за Вашиот објект, обезбедете ни информации за следново:
1. Тип на објект: куќа или стан
2. Нето површина за греење и/или ладење m2
3.Изолација на објект: високоизолиран, средноизолиран, нискоизолиран или неизолиран
4. Решение-потреба со топлинска пумпа (избери една од понудените опции): само греење, греење + санитарна топла вода, греење+ладење, греење+ладење+санитарна топла вода
4. Дали сакате да го замените стариот систем (котел) за греење со нов? или објектот е нова градба?
5. Дали имате постоечки грејни/ладилни тела: радијатори, фенкојлери, подно греење или треба да се димензионира сосема ново решение (наведете со кои грејни/ладилни тела за сите внатрешни простории)

Share on: