НОВАТА DAIKIN PERFERA ПАРАПЕТНА ЕДИНИЦА
Daikin Perfera – Впечатлив и современ дизајн за секој дом.
DAIKIN PERFERA КЛИМА УРЕД СО ИНТЕЛИГЕНТЕН И ЕФИКАСЕН ДИЗАЈН
Новиот клима уред Daikin Perfera, со елегантен и компактен дизајн, лесно се вклопува во повеќето современи ентериери. Моќнa и многу тивка единица, ја достигнува посакуваната температура во секој момент. Пријатното чувство создадено од Perfera и уникатните карактеристики за греење, речиси прават да посакате зимата да трае вечно.
- Впечатлив и современ дизајн
- Енергетска класа: A++ за греење, А+++ за ладење
- 3 уникатни модови за греење: побрзо загревање (heat boost), затоплување на под (floor warming), зголемување на топлина (heat plus).
- Флеш стример технологија за прочистување на воздухот
- Тивок мод на работа 19 dBa
3 УНИКАТНИ ФУНКЦИИ ЗА ГРЕЕЊЕ
1. Побрзо загревање – heat boost, овој мод на работа, побрзо го загрева домот при стартување на климатизерот. Поставената температура се постигнува за 14% побрзо од стандардниот клима уред.
2. Затоплување на под – floor warming, оваа функција овозможува оптимална конвекција, бидејќи се дистрибуира топол воздух од долниот дел на единицата.
3. Зголемување на топлината – heat plus, оваа функција овозможува пријатно загревање, зрачење на топлина како радијатор – 30 минути подоцна, повторно се активираат претходните поставки.
DAIKIN PERFERA FVXM-A КЛИМА УРЕД КОЈ ЛЕСНО СЕ МОНТИРА-ИНСТАЛИРА
Инсталација: вградена или монтирана на ѕид
Флексибилна контрола
- Со далечински уравувач со можност за сетирање на неделен тајмер
- Со WIFI контролер преку Вашиот паметен телефон – само превземете ја апликацијата – Daikin Online Controller app.
- НОВО – контролирајте го Вашиот клима уред со помош на Вашиот глас, преку Amazon Alexa или Google Assistant
СПИЈТЕ УДОБНО СО НОВАТА PERFERA
За да Ви помогнеме да спиете удобно, може да го вклучите ноќниот мод на работа на климатизерот, што спречува прегревање, или преладување во текот на ноќта.
Модот на работа “Economo” овозможува да се намали потрошувачката на електрична енергија, и спречува преоптоварување на електричните осигурачи додека работат и други апарати во домаќинството.
НОВАТА PERFERA може да се користи во повеќе апликации:
- Сплит систем, една надворешна единица, една внатрешна единица ( капацитети: 2.5 kW, 3.5 kW, 5.0 kW)
- Мулти сплит систем, на една надворешна единица, да се поврзат повеќе внатрешни единици (капацитети: 2.0 kW, 2.5 kW, 3.5 kW, 5.0 kW)
- Стандардна апликација: Работа на -15°C во режим на греење
- КЛИМА УРЕДИ ОПТИМИЗИРАНИ ЗА ГРЕЕЊЕ што работат до -25°C (капацитети: 2.5 kW, 3.5kW)