ПРОНАЈДЕТЕ ГО DAIKIN МУЛТИ СПЛИТ РЕШЕНИЕТО ЗА ВАШИОТ ДОМ
Ладење или греење на повеќе простории со една надворешна единица. Мулти сплит системот Ви овозможува бескрајна можност за креирање на удобен и пријатен дом. Високо енергетски ефикасен систем за греење и ладење во повеќе простории, со поврзување до 5 внатрешни единици на една надворешна единица.
Кај сплит клима уредите, за секоја внатрешна единица, потребна ви е посебна надворешна единица. Повеќе надворешни единици зафаќаат повеќе место. Повеќе надворешни единици визуелно го намалуваат просторот. Повеќе надворешни единици, значи повеќе звучност. Повеќе надворешни единици ја зголемуваат потрошувачката. Дури и најмалите единици може да бидат преголеми за малите простории.
Користење на само ЕДНА НАДВОРЕШНА МУЛТИ СПЛИТ единица за СИТЕ ВНАТРЕШНИ единици значи:
• Заштеда на простор: Драстично намалете го потребниот простор за поставување на голем број надворешни единици на вашата фасада. Помал простор за монтирање – да се пронајде само едно место за монтажа е многу полесно, уживајте во Вашиот амбиент
• Полесна инсталација, одржување
• Пониска потрошувачка на електрична енергија, благодарение на високата енергетска ефикасност на мулти компресорот
• Тивко работење-помала бучавост: Само една единица во работењето е многу потивкa од две или повеќе надворешни единици
• Поголема флексибилност: Може да поврзете до 5 внатрешни единици со различен стил (високоѕидни, парапетни, касетни, каналски
• Mожност за да аплицирате за GEFF програма и да добиете ГРАНТ ДО 20%. Банки за поддршка: Прокредит Банка, Шпаркасе и Охридска Банка
1. МУЛТИ СПЛИТ НАДВОРЕШНИ ЕДИНИЦИ СО 2, 3, 4 И 5 ПРИКЛУЧОЦИ
Мулти сплит надворешните единици ги имаат најновите “swing”компресори кои се тивки и високо енергетски ефикасни, сезонска ефикасност до А+++ за ладење и А++ за греење. Различни модели на мулти надворешни единии (2MXM40M, 2MXM50M9, 3MXM40N, 3MXM52N, 3MXM68N, 4MXM68N, 4MXM80N, 5MXM90N) кои можат да поврзат 2, 3, 4 или 5 внатрешни единици. Користење на R-32 фреон значи, намалено влијание врз природата, поголема енергетска ефикасност на единицата и користи помалку енергија од единиците со R-410A.
2. ИЗБЕРЕТЕ ОД ГОЛЕМИОТ АСОРТИМАН НА ВНАТРЕШНИ ИНВЕРТЕР ЕДИНИЦИ
Може да комбинирате различни типови на внатрешни единици: со високоѕидна монтажа, парапетни, плафонски, касетни, скриени плафонски единици, за Вашата дневна, спална, детска просторија врз основа на Вашиот стил и буџет. Внатрешни единици: Daikin Stylish, Perfera, Emura, Comfora, FVXM-F, FDXM-F.
Помалку значи повеќе: Помалку место, потивок звук, помал визуелен ефект. Разубавете ја Вашата околина со Daikin мулти сплит систем.