DAIKIN Е ПРВАТА КОМПАНИЈА ВО СВЕТОТ ШТО ПУШТА ВО ПРОДАЖБА КЛИМА УРЕДИ СО R-32 ФРЕОН!

DAIKIN Е ПРВАТА КОМПАНИЈА ВО СВЕТОТ ШТО ПУШТА ВО ПРОДАЖБА КЛИМА УРЕДИ СО R-32 ФРЕОН!

Откријте ја новата генерација на производи што користат разладно средство (фреон) R-32 и драстично го намалуваат влијанието врз животната средина како и вашите трошоци за електрична енергија

 

Што е R-32?

Хемиското име на R-32 е дифлуорометан. Тоа е разладно средство што се користи многу години како дел од разладната смеса R-410A (којашто е 50% R-32 и 50% R-125). Daikin е првата компанија што откри дека постојат неколку предности при користење чист R-32 наместо да се користи како дел од смеса. Многу други произведувачи од индустријата сега го следат тој пример.

 

Предности на R-32

R-32 има голем број на интересни еколошки придобивки: Во споредба со често употребуваното разладно средство R-410A, потенцијалот за предизвикување глобално затоплување на R-32 е само една третина (GWP е 675 за R-32 во споредба со 2087,5 за R-410A), затоа што овозможува многу помал волумен на разладно средство и поголема енергетска ефикасност. Бидејќи R-32 ефикасно ја пренесува топлината, може да ја намали потрошувачката на електрична енергија до 10% во споредба со клима уредите кои користат разладно средство R-22.

Како разладно средство со една компонента, R-32, исто така, полесно може да се рециклира и повторно да се употреби, што е уште една еколошка придобивка. Згора на тоа, R-32 им ја олеснува работата на инсталаторите и сервисните техничари затоа што може да се полни во течна и гасна состојба и работните притисоци се слични со оние на R-410A. Не треба да се грижите ниту за фракционација или проблеми со лизгање затоа што R-32 не е смеса.

 

Дали R-32 е безбедно разладно средство?

Затоа што R-32 припаѓа на категоријата на тешко запалливи разладни средства (класа 2L во стандардот ISO 817), може да се користи безбедно во повеќето клима уреди и топлотни пумпи.

 

Највисока енергетска ефикасност со R-32

  • Енергетски најефикасно разладно средство со мало влијание врз животната средина
  • Со R-32 разладното сретство, ќе достигнете до А+++ сезонска ефикасност, и за греење и за ладење што значително ќе ги намали вашите трошоци за електрична енергија
  • Единици напојувани со 80% обновлива енергија од воздухот и 20% со електрична енергија
  • Инвертер технологијата дополнително ја зголемува заштедата на енергија до 30%
  • Интелигентните сензори и енергетските ефикасни поставки ја намалуваат непотребната потрошувачка

Максимален комфор

Уживајте во целосен комфор, со интелигентни и безчујни уреди кои не го сушат воздухот.

Смарт контрола

Контролирајте го вашиот систем од каде и да посакате преку Daikin App или преку интелигентна контрола преку вашиот таблет.

 

 

Асортиман Daikin клима уреди со R-32

 Daikin клима уреди со R-32 разладно средство, или т.н BLUEVOLUTION DAIKIN асортиман на производи вклучува повеќе модели:

Секогаш изберете модел на клима уред со ознака за енергија од висока енергетска класа.
Моделите со високоѕидна монтажа со Daikin R-32 се рангирани со многу високи ознаки за енергија A+ и понатаму. Серијата Ururu Sarara е врвно рангирана со енергетски ознаки A+++ и во режимот за ладење и во режимот за греење.

Секогаш изберете модел на клима уред со фреон со низок еквивалент на CO2.

Ако се одлучите за клима уред 3,5kW Daikin Emura наполнет со разладното средство R-32, ознаката за енергија во режимот за ладење е A+++ а во режимот за греење е A++. Исто така, полнењето на разладно средство има помал еквивалент на CO2 за 78% отколку кај моделот наполнет со R-410A. Ова е така, затоа што R-32 има GWP што е 1/3 од GWP на R-410A и волуменот на разладното средство е помал за 31%.

 

 

Изберете од асортиманот на производи со R-32 фреон, новата понуда Bluevolution на Daikin!

Share on: