DAIKIN ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД ИЛИ ALTHERMA ТОПЛИНСКА ПУМПА ЗА ВАШИОТ ДОМ?

DAIKIN ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД ИЛИ ALTHERMA ТОПЛИНСКА ПУМПА ЗА ВАШИОТ ДОМ?

Функционалност на клима уред и топлинска пумпа

На многу начини Даикин инвертер клима уредите се функционални како и Daikin Altherma топлинските пумпи.

Tехнички можеме да кажеме дека клима уредот е „топлинска пумпа“, која работи на принцип воздух-воздух, со реверзибилен циклус. Ова значи дека климатизерот може да го загрева и излади Вашиот дом.

 

Daikin Altherma (нискотемпературна) е топлинска пумпа која работи на принцип воздух-вода. Оваа топлинска пумпа е енергетски ефикасна алтернатива за котелот на гас, пелети, нафта, или вградување во нова куќа. Надворешната единица на Daikin Altherma ја фаќа слободната топлина од надворешниот воздух и ја пренесува во внатрешната единица преку цевки со фреон кои дополнително ја зголемуваат температурата со помош на компресор. Но, тоа не е се, Daikin Altherma дополнително овозможува температурите на водата да достигне до 55 °C ( или 80°C кај високотемературната Daikin Altherma) за греење преку подно греење, радијатори, вентилоконвектори, и за санитарна топла вода. 

И двата системи, и климатизерите и топлинските пумпи користат обновлив извор на енергија – воздухот. Тоа се уреди кои можат да трошат топлина во двете насоки – од внатре кон надвор (ладење) и од надвор кон внатре (греење). Ќе бидете изненадени кога ќе знаете дека дури и студениот зимски воздух содржи корисна топлина што можете да ја пумпате во вашиот дом. Технологијата на Daikin ја апсорбира оваа топлина од надворешниот воздух за да создаде пријатна топла атмосфера во Вашиот дом.

Даикин клима уредите може да ги користиме за греење и ладење, додека Daikin Altherma нуди една поширока примена, покрај греење (преку радијатори, подно греење, фенкојлери) и ладење (фенкојлери), системот може да се користи и за поврзување со бојлер или соларен систем за добивање на санитарна топла вода. И двата системи наоѓаат примена во многу домаќинства, во зависност од површината на просторот, дали ќе се користи систем за централно греење/ладење, или засебен систем и сл.

Оперативен опсега на работа 

Инвертер клима уредите на Daikin работат со загарантирани капацитети на греење при надворешни температури до -15°C. Новата серија т.н оптимизирани за греење се дизајнирање за работа и при многу ниски температури до -25°C (достапни со капацитети 2,5KW и 3,5KW).

Кога станува збор за Daikin Altherma топлинските пумпи, системот е дизајниран да издржи и најсурови зимски услови, што значи Ви обезбедува стабилни собни температури во вашиот дом дури и кога надвор е -25 °С.

Чинење (цена) на системот

Просечната цена на чинење на Daikin клима уредите се движи од: 660 евра до 2500 евра, во зависност од големината на Вашиот дом, типот-моделот на климатизерот.

За Daikin Altherma топлинска пумпа, цената на единицата, може да варира од: 3500 евра до 8000 евра во зависност од типот на пумпата и капацитетот. Инсталацијата, монтажата на системот, дополнување на системот со грејни тела (радијатори, подно, фенкојлери) може значително да варира во цената.

Најголемиот – единствен фактор кој влијае во одредувањето на цената на Вашата топлинска пумпа е големината на вашата куќа. Поголемите куќи ќе бараат пумпи со поголем капацитет за правилно да се загреат и оладат. Колку е поголем капацитетот на вашата топлинска пумпа, толку повеќе ќе платите за тоа. Не обидувајте се да ги намалите трошоците со инсталирање на пумпа која е премногу мала за вашите потреби, тоа може да ја намали енергетската ефикасност, со што би имале повисоки трошоци на ел.енергија.

Share on: