DAIKIN SKY AIR – СУПЕРИОРЕН СИСТЕМ ЗА КЛИМАТИЗАЦИЈА ЗА ВАШИТЕ КОМЕРЦИЈАЛНИ ПРОСТОРИИ
Daikin Sky Air е првиот Европски комерцијален систем за ладење и греење со R-32 фреон и со највисока сезонска енергетска ефикасност (SEER до 8,02) во оваа класа на производи.
Daikin Sky Air е целосно решение – систем за климатизација, што овозможува греење, ладење, вентилација и прочистување на воздухот за мали и средни комерцијални објекти. Sky Air системот обезбедува супериорен комфор и стил што му даваат модерен имиџ на вашиот комерцијален простор:
• Сензори за присуство, веднаш го пренасочуваат воздухот во насока каде што нема луѓе, притоа обезбедувајќи еднаква температура со сите делови на просторијата
• Скоро безчуен режим на работа
• Голем избор на дизајн на внатрешни единици, во бела или црна боја
• Автоматско чистење на восоко-ефикасните филтри за воздух
• Работа на надворешни температури -20°C
•Сплит и мулти сплит решенија
• Контрола преку мобилна апликација и/или контролери со бројни награди за финкционалност и дизајн
1. SKY AIR КАСЕТНИ ЕДИНИЦИ – ПРВИ ВО ИНДУСТРИЈАТА СО ДОКАЖАН ДИЗАЈН (DAIKIN SKY AIR FCAG-B)
Daikin касетните единици се вдлабнати, и делумно се скриени во плафонт. Со овие клима уреди може да направите најдобра распределба на температурата во просторијата поради широкиот проток на воздух од 360°C.
Најдобра енергетска ефикасност, од рангот на касетни единици. Оперативните трошоци може да ги намалите и до 50% споредено со стандардните решенија. Постои можност за автоматско чистење на филтрите – потребно е помалку време за одржување на филтерот (прашината може лесно да се отстрани со правосмукалка без да ја отворате единицата). Сензорот за присуство Ви овозможува и до 27% заштеда. Сензорот за температура на под, ја открива просечната температура на подот, со што врши рамномерна распределба на температура меѓу плафонот и подот, така што ќе го избегнете ефектот на студени нозе.
Во оваа категорија на производи спаѓаат следниве серии: Daikin FCAG-B, FCAHG-H, FFA-A.
2. SKY AIR КАНАЛСКИ – СКРИЕНИ ПЛАФОНСКИ ЕДИНИЦИ
Скриена плафонска единица, со висина од само 200 mm (за модел FDXM-F9). Невидливи единици – видливи се само решетките за отсис и потис на воздух. Филтерот со автоматско чистење Ви обезбедува поголема ефикасност, удобност и пониски трошоци за одржување. Прашината се собира во кутијата за прашина што е интегрирана во единицата. Кутијата за прашина може лесно да ја исчистите со правосмукалка, и да не се грижите повеќе дека ќе имате валкани плафони.
Daikin каналски Sky Air единци: Daikin FDXM-F9, FBA-A(9), FDA-A, ADEA-A.
3. SKY AIR ПЛАФОНСКИ – ВИДЛИВИ ЕДИНИЦИ
Наоѓаат примена за широки простории, без имитација на плафон и објекти кои немаат простор за парапетни единици долу на подот.
Со Daikin FHA-A серијата може да постигнете идеален комфор, благодарение на “Coanda ” ефектот – проток на воздух со агол од 100°. Лесно може да се монтира во агол или на тесни места.
Daikin FUA-A серијата e дизајнирана со 4-насочен издув-проток на воздух. Преку далечинскиот управувач може да сетирате 5 различни агли на проток од 0° до 60°. Со овие модели дури и простории со висина до 3,8 m можете да ги загреете или изладите многу лесно, без загуба на капацитетот.
4. SKY AIR ВИСОКОЅИДНИ ЕДИНИЦИ
FTXM-N, нова Daikin Sky Air високоѕидна единица на пазарот, атрактивен дизајн и висок квалитет на воздух во просторијата. Многу тивок звук при работа, што дури и ќе заборавите дека е вклучена. Чист воздух, благодарение на Daikin Flash Streamer технологијата. Сензор за детекција на движење во две области. Доколку се забележи движење на лице, протокот на воздух се насочува на друга страна за да не дува директно во лицето кое се наоѓа во просторијата. 3D проток на воздух, кој комбинира проток на топол или ладен воздух хоризонтално или вертикално, за рамномерна распределба низ цела просторија.
5. SKY AIR СЛОБОДНО СТОЕЧКИ ЕДИНИЦИ
Daikin FVA-A, слободно стоечка единица за комерцијални простории со високи плафони. Подобрена удобност како резултат на подобра распределба на вертикалниот проток на воздухот, што овозможува рачно прилагодување на перките, проток на воздух горе-долу, само горе, или само долу.
Daikin FNA-A9, скриена и парапетна единица, дизајнирана да биде скриена во ѕидовите. Идеална за инсталација во канцеларии, хотели и станбени апликации.