DAIKIN СО EUROVENT СЕРТИФИКАТ – ДОКАЗ ЗА ВРВЕН КВАЛИТЕТ

Зошто да изберете клима уреди или топлински пумпи со EUROVENT сертификат?

DAIKIN СО EUROVENT СЕРТИФИКАТ – ДОКАЗ ЗА ВРВЕН КВАЛИТЕТ

Зошто да изберете клима уреди или топлински пумпи со EUROVENT сертификат?

Македонија е благословена со четири годишни времиња. Нашите лета се жешки а зимите многу студени, поради што, имањето на квалитетен и ефикасен систем за ладење и греење веќе е потреба, а не луксуз.

Како да направите паметна инвестиција?

Всушност, не е лесна задачата да се избере вистинскиот систем за ладење и греење за вашиот дом, или за вашиот индустриски или комерцијален имот, особено за оние кои не се доволно запознаени со оваа тема. Еден од најзначајните докази за да знаете дека одбирате квалитетен систем со висока енергетска ефикасеност е да потврдите дека единицата поседува EUROVENT сертификат.


Што е ЕУРОВЕНТ?

EUROVENT е Европска индустриска асоцијација за HVAC-R системи (греење, вентилација, климатизација), процесно ладење, технологии за прехрамбени ладни ланци и е водечко европско тело за сертификација на системи од овие области со над 20-годишно искуство.

EUROVENT сертификација е основана со цел да се создаде единствена група на критериуми за оценување на овој вид на производи на пазарот. EUROVENT сертификацијата е составена од различни програми, секоја соодветна на еден вид производи. Програмите за EUROVENT сертификација го зголемуваат интегритетот и точноста на оценките за индустриските и технолошките перформанси на производите. EUROVENT сертификатот овозможува реално оценување на конкуренцијата на пазарот во однос на европските и меѓународните стандарди а со тоа им овозможува на купувачите да споредуваат и да донесуваат одлуки при купувањето

Процесот за сертификација налага континуирана ревизија и проценка на перформансите на производот. Важноста на трговската марка за сертификација на EUROVENT е гаранцијата што ја дава, дека производите се доставени за независно тестирање и дека тие вистински ги поседуваат карактеристиките што нивниот производител ги декларира за нив. Оваа ознака им гарантира на инсталатерите и крајни корисници дека производите кои се продаваат на пазарот од производителот се точно означени, давајќи им доверба дека опремата ќе работи во согласност со спецификациите на дизајнот, дека енергетската ефикасност ќе биде правилно наведена и затоа испорачаниот производ е вреден за планираната инвестиција на крајниот купувач.


Зошто е важно да изберете систем со EUROVENT сертификат?

 

1.Загарантиран квалитет
EUROVENT сертификат е референца за врвен квалитет. Пред доделување на сертификатот, производите се тестирани во однос на дизајнот и техничката спецификација.

2.Енергетска ефикасност
EUROVENT како тело за сертификација гарантира правење на сите истражувања, тестирања за да може да бидете сигурни дека добивате производ со најдобар квалитет и заштедувате на трошоците за електрична енергија.

3.Сигурност и доверба
Со избор на систем со EUROVENT сертификат значи дека вашиот систем е сертифициран за највисоки стандарди во индустријата.

Споредете за да го направите вистинскиот избор – Многу е лесно да се направи вистинскиот избор: само споредете ги производите. Но, кога перформансите на производот не се сертифицирани, ова станува невозможно. EUROVENT ќе ви помогне во одлуката.


 4. Oдбери EUROVENT – купи  Daikin

Побарајте ја ознаката за EUROVENT, така ќе бидете сигурни дека сте на вистинското место.

DAIKIN има светска репутација базирана на повеќе од 95-годишно искуство во успешно производство на квалитетна опрема за ладење и греење за резиденцијална, комерцијална и индустриска примена и 56 години како лидер во технологијата на топлински пумпи.

DAIKIN учествува во сертификација на EUROVENT програма за:

• Air Conditioner (AC) – Сплит и мулти сплит клима уреди
• Liquid Chilling Packages (LCP) – Чилери, топлински пумпи
• Fan coil units (FCU) – Вентилоконвектори
• Variable Refrigerant Flow (VRF) – VRV системи
• Air handling units (AHU) – Системи за вентилација

Проверете ја валидностa на сертификатот преку:
www.eurovent-certification.com

Share on: