https://antibiotiqueaugmentin.com/diarrhee-augmentin-bebe/

Новости & Информации

Дознајте повеќе за нашите нови Даикин понуди

ЗОШТО ВИ Е ПОТРЕБНА ВЕНТИЛАЦИЈА ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР

Во основа, вентилацијата има за цел да го отстрани застоениот воздух од затворените простории и да го замени со "свеж" надворешен воздух.

КАКО РЕШЕНИЈАТА ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА НА DAIKIN МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ ВО ПРИЛАГОДУВАЊЕТО НА ДРАСТИЧНИТЕ ПРОМЕНИ ВО НАШИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД COVID-19

Квалитетот на воздухот во затворен простор се дефинира како квалитет на воздухот во и околу даден објект и е од клучна важност за нашето здравје и нашиот комфор. 
90% од своето време го поминуваме во затворен простор (а некои, како што се стари лица, дури и повеќе). Квалитетот на воздухот во затворен простор сега е препознаен како клучно прашање во дизајнот на објекти, од домови и канцеларии, до болници, училишта и фабрики.
Многу докази укажуваат дека загадениот воздух влијае врз нашето ментално здравје и може да биде фактор на состојби како што се депресија и биполарно нарушување. Може да има и штетно влијание врз детската способност за учење, закрепнување на пациентот, продуктивноста на работната сила.

Многумина од нас поминуваат повеќе време на работа, всушност, просечна личност ќе помине повеќе од 90.000 часа на работа во текот на целиот живот. Значи, со сигурност може да се каже дека нашата секојдневна работа, работно место, можат да имаат огромно влијание врз самите нас и врз квалитетот на нашиот живот.
Се разбира, постојат многу аспекти што можат да го направат работното место одлично (или не), но меѓу најважните аспекти е квалитетот на воздухот во затворените простории.
Воздухот е примарна потреба за човечките суштества. Само помислете на фактот дека можеме да гладуваме со денови и дека сепак ќе преживееме, но можеме да живееме само неколку минути без да дишеме. А сепак не ја гледаме важноста на дишење квалитетен воздух како што ја гледаме важноста на јадење квалитетна храна. Ова е особено важно за внатрешни средини, каде поминуваме повеќе од 90% од нашето време без навистина да знаеме дека внатрешните средини можат да бидат и 8 пати позагадени од надворешните.

DAIKIN HVAC СИСТЕМИ: ЗА РАМНОТЕЖА МЕЃУ КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХOT ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР, ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И КОМФОРОТ

Бидејќи стандардите за енергетска ефикасност се зголемија во последниве години, зградите станаа поизолирани и херметички затворени. Ова може да ја намали циркулацијата на свежиот воздух, што доведува до ниско ниво на кислород и зголемен потенцијал за алергии и мириси, како и зголемено количество на кондензација и појава на мувла. 

Решение? Инсталирање на HVAC системи кои ја контролираат температурата, влажноста и помагаат во одржување на квалитетот на воздухот. Се повеќе расте интересот за вентилација како превентивна мерка против инфекција вируси. Ризикот од потенцијално ширење на вируси (вклучувајќи и SARS-CoV-2) може да се ублажи со вентилација и соодветно и ефикасно филтрирање, заедно со редовно чистење, сервис и одржување на HVAC системите.

 

 


ДАИКИН ВЕНТИЛАЦИЈА

Во основа, вентилацијата има за цел да го отстрани застоениот воздух од затворените простории и да го замени со ‘свеж’ надворешен воздух. HVAC системи се дизајнирани да извлекуваат водена пареа, загадувачи и мириси од воздухот, да ја контролираат влажноста и да одржуваат добар квалитет на воздухот во затворените простории,  до минимизирање на ширењето на овие нечистотии до други области во даден објект.

Клучниот фактор при дизајнирање на вентилација е тоа што мора да се обезбеди доволно снабдување и извлекување на свеж воздух за да се минимизира појавата на влага (а со тоа и контрола на мувла) и справување со био-ефлуенти (мирис на телото), како и да се задржи изложеноста на NO2 , CO и VOCs на минимум.   


ДАИКИН ФИЛТРИ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ

Филтрацијата е уште еден важен елемент за вентилацијата. Сите HVAC единици се опремени со филтри, првенствено за заштитa од прашина, исто така и да се обезбеди добро работење и одржување на енергетската ефикасност. Филтрите исто така се поставени за отстранување на PM честички што се наоѓаат во снабдениот воздух, во некои случаи и за отстранување на честички каде што постои ризик од загадување при влез од надворешната атмосфера. Препорачаните годишни ограничувања се:
›Годишна средна вредност за PM 2.5 <10 μg / m3
›Годишна средна вредност за PM 10 <20 μg / m3
Стандардните филтри зафаќаат поголеми честички - како прашина, додека фините филтри отстрануваат помали честички ( за пример големината на бактериите), HEPA и ULPA се користат за специјализирани средини, за чисти простории и ултра-чисти операциони сали. 


DAIKIN ПРОДУКТИ

Од мали системи за обработка на воздух, до големи единици, Daikin обезбедува различни решенија за вентилација за да обзбеди свежа, здрава и удобна средина за станбени простории, трговски и индустриски објекти. Daikin нуди широк спектар на решенија за покривање скоро на сите апликации, почнувајќи од 150 m3/h до 14.4000 m3/h. 

 

Daikin канал за автоматско чистење

Daikin - канал за автоматско чистење, може да се вгради во сплит единиците за климатизација и VRV, за да се соберат нечистотиите во кутијата за прашина, што може едноставно да се испразни со употреба на стандардна правосмукалка. Наменет специјално за хотели, канцеларии, ресторани, малопродажни и резиденцијални објекти. Автоматскиот додаток за чистење спречува формирање прашина во рамките на каналот на внатрешните единици, што овозможува чист филтер, благодарение на автоматизираниот систем за чистење на филтри. Каналот за автоматско чистење е лесен за инсталирање и овозможува пониски трошоци за одржување и работење, притоа обезбедувајќи 20% заштеда на енергија. 

 

Daikin единици за вентилација со рекуперација

 

Рекуператор (Daikin VAM & VKM) - Овој производ е дизајниран да одржува висококвалитетен воздух во затворените простории, преку обезбедување на дотур на свеж воздух од надвор, одземање - исфрлање на застоениот воздух, и топлинска заштеда на вентилација. Рекуператорот е опремен со филтри, кои вршат прочистување на воздухот, внесен од надвор. Единиците за вентилација со рекуперација на топлина, може да заштедат и до 80% енергија во споредба со стандардната вентилација. 80 % заштеда на енергија – потребна за задоволување на термичките загуби предизвикани од свежиот воздух кој е внесен во објект. Може да се користи самостојно или интегрирано во Daikin Sky Air или VRV систем. Широк спектар на единици: проток на воздух од 150 до 2000 m3 / h.

 

Daikin AHU единици за вентилација 

 Daikin (AHU -Air handling units) - широк спектар на единици за обработка на воздух за средни до големи објекти.  AHU единиците можат да бидат интегрирани во целокпуното решение со нивно поврзување на Daikin VRV или Даикин ERQ единиците за кондензација.

 

Daikin комерцијални прочистувачи на воздух 

 

 

Daikin AstroPure прочистувачот на воздух ефикасно ги острануваат алергените, бактериите и вирусите. Комбинира најефикасна HEPA филтрација на воздух со опционално UV  гермицидно зрачење (UVGI), за да создаде тотално решение за чист и здрав воздух. Погоден за затворени простори, примена на пример во канцеларии, училишта, здравствени установи, хотелски лоби и сл.

 

DAIKIN - Во иднина,  се стремиме да комбинираме вентилација и технологии за прочистување на воздухот за да обезбедиме безбедна и удобна средина што одговара на индустријата и просторот на клиентот.

Побарајте решение во Паксон, овластен Daikin Home Comfort expert партнер за Макеоднија

Адреса: Загребска бр.28В, лок.5, 1000 Скопје
Тел: +389 2 3109 998 | 75 234 040
Email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Web: www.pakson.mk

 

 

 

PAKSON © 2021. All Rights Reserved.