Реновирајте го Вашиот дом со
Daikin.
Што треба да земете предвид кога го реновирате вашиот дом и инсталирате ново решение за греење или ладење.

Вистинското решение за вашиот дом
Замената на стариот бојлер на гас или на нафта е лесна со единицата на Daikin. Нашите топлотни пумпи и бојлери се флексибилни и може да задоволат разни оригинални радијатори и цевни системи, за да не се грижите дека треба да замените сè.
Можност да го намалите влијанието врз околината
Замената на стариот систем за греење, ладење или топла вода е совршен момент да го намалите вашето влијание врз околината, со тоа што ќе изберете еколошко и енергетски ефикасно решение. Обновливите извори на енергија, како на пример, воздух, земна и соларна енергија се до 5 пати поефикасни од секојдневните извори на енергија, како гас, нафта и електрична струја. Без разлика дали сакате целосно одржливо, хибридно или секојдневно решение, нудиме избор на решенија што ќе ги намалат трошоците за струја и ќе бидат од корист за околината.
Инвестирајте во својата иднина
Кога го реновирате домот, инвестирате во својата иднина. Важно е да изберете решение за греење и ладење што е опремено да трае подолго време. Нашите системи за климатизација се создадени да траат. Кога ќе купите единица на Daikin, купувате за својата иднина.
Избор на правиот извор на енергија за вас.
Постојат многу опции за греење и ладење за вашиот дом. Предизвикот е да го најдете она што ќе одговара совршено на вашиот дом и животен стил. Не се брзајте да ги согледате сите опции, затоа што со единица на Daikin инвестирате во својата иднина.

Нискотемпературна топлотна пумпа воздух-водa.
DAIKIN Altherma
- За греење, топла вода и ладење
- Напојувана од 75% воздух и 25% струја
- Дополнителна соларна поддршка
- Идеална за нови домови и еколошки објекти

Топлотна пумпа воздух-воздух
DAIKIN Altherma
- За греење и ладење
- Напојувана од 80% воздух и 20% струја
- Идеална за нови домови, еколошки објекти и за замена на стари електрични системи

Топлотна пумпа со земен извор
DAIKIN Altherma
- За греење и топла вода
- Напојувана од 80% геотермална топлина и 20% струја
- Идеално за нови домови и за реновирање каде што има место